Press "Enter" to skip to content

Совети од нутриционист: храна потребна кога имаме голем физички напор ?

Најбитното нешто кога имаме физичка активност е да внесуваме пред се храна со високи нутритивни вредности, а тоа е храна со висока витаминска реакција, овошје, зеленчук, задолжително е потребно поради структурата, храна со висок процент на протеини како што е месо, (пилешко, јунешко, риба), додека за оние кои се вегетеријанци потребна е храна којашто содржи протеини од растително потекло како грашок, грав, ориз.

Исто така важно е внесување на многу вода со што се забрзува исфрлањето на отрови и штетни гасови од телото и го забрзува процесот на топење на мастите.

Препорачливо е последен оброк да се внесе од 2 до 3 часа пред интензивен тренинг, како и 30 до 60 мин. по завршување на тренингот.

Најбитно е исхраната во текот на целиот ден да е добро избалансирана.

Кај професионалните спортисти внесот на протеин не треба да биде помалку од 140 грама дневно, додека кај аматери кои имаат физичка активност во минимална основа имаат дневна потреба од 50 до 70 грама на протеин.

Совет: убаво е да се знае што и колку треба да внесуваме во нашето тело кога имаме понизок или висок интензитет на тренинзи.

Тоше Соколов – “Витаф диет“
Нутриционист и фитнес советник