Press "Enter" to skip to content

УКЛО и фондацијата “Конрад Аденауер” договорија што ќе реализираат наредната година

Меѓу позначајните партнери и соработници на УКЛО и во престојниот период се вбројува и Фондацијата “Конрад Аденауер” од СР Германија.  Добрата соработка е потврдена на средбата којашто проректорот за студентски работи и институционален Еразмус плус координатор на УКЛО, проф. д-р Марјан Ѓуровски  ја оствари со Јоханес Раи, директорот на Фондацијата.

Договорена е реализација на “Летен Универзитет 2020“ како регионална школа со учество на студенти и професори, поддршката на “Скопје Форум за безбедност 2020“, што се одржува на Факултетот за безбедност-Скопје како и спроведување на научно-истражувачкиот проект “Индекс на безбедноста”.

За време на средбата покрај конкретните проекти, разгледани се и можностите за продлабочување и проширување на соработката.

Изразувајќи благодарност од името на УКЛО, проректорот Ѓуровски оцени дека соработката овозможува зацврстување на македонско-германските односи, европските интеграции на земјата и потикнување на поголема соработка во академската област, со посебен акцент на размената на студенти и професори, со што се дава придонес кон зацрвстување на довербата во Регионот и неговата европска интеграција.

More from ВестиMore posts in Вести »