Press "Enter" to skip to content

“Уна Нова“ со пакети за нега, релаксација и опуштање во есенските денови од 5 евра

Есенските дождливи, тмурни денови може да ги искористете за да си посветите време на себе.  Пријатен  амбиент со убава музика, опуштената атмосфера, позитивната енергија на  љубезниот тим во салонот на “Уна Нова“ причина да го посетите овој салон каде ќе добиете масажи и третмани  за вистинско опуштање на тело и душата кое добро ќе ви дојде  дождливите есенски денови.Но, покрај ова козметичкиот салон Уна нова се издвои  со своите промотивни пакети на третмани за лице и тело, депилација, маникир и педикир. Тие промоции во одделни денови за изненадување на клиентите се со убави понуди. Тоа е т.н. понуда за  5 евра (300 денари) во која добивате депилација на цело тело, третмани за лице, масажи маникир на раце и нозе. Со тоа повремено ги изненадуваме нашите клиентки ни кажаа од “Уна Нова“.Ефектите од  третмани за лице се видливи веднаш, блескава кожа, свеж изглед, длабока  хидратзација, зголемена еластичност, се  намалуваат проширените пори, измазнуваат борите, се стимулира колагенот и регенерацијата на кожата. Секој третман од нашите пакетот пооделно кои ги нудиме во зависност од кожата на клиентот има различно дејство. На крај резултатите се фантастични и ќе  добиете  освежена кожа  советуваат од “Уна нова“.“Уна Нова“ во есенскиот пакет нуди:

-Пилинг масажа со морски алги која ќе ја измазни вашата кожа одлична за опуштање и арома, а резултатот е мека и свиленкаста кожа…

-Масажа со морска кал парцијална за грв или цело тело– против укоченост и болки, опуштање на мускулатура и ослободување од стрес.

-Релакс масажа на цело тело со аромптерапија

-Масажа на лице, врат и деколте.

Препаратите кои се користат се од колекцијата на “Janssen cosmetics“.Промотивните третмани за слабеење се наменети да се задржи  убавата форма на телото и во текот на зимските  денови кои претстојат кога се јаде помрсна храна и помалку сме активни. Тоа се  третмани во инфрацрвената капсула или т.н. “спејс шатл“ со која може да се пофали само вашиот салон како последен збор на техника и технологија во козметологијата. Таа изгледа научно фантастично таа и дава фантастични резултати. Тие се намален обем и слабеење, стимулација и регенерација на ткивата и кожата, отстранување на целулит намалување на проблемите со масните наслаги.

За убаво тело може да изберете од  промотивни пакети во т.н. “спејс шатл“ инфрацрвен тунел третман од 40 минути електростимулација и дренажа, кој ја затегнува мускултурата на телото и пасивно вежбање на мускулите и обликување на цело тело.Третманите за слабеење  може да се поврзани со фитнес програма која успешно ја води фитнес-тренер, Билјана Трапановска. Се разбира резултатите и ефектите од овие  третмани се одлични.

Следете ги нашите промоции и ќе бидете убави, негувани и со позитивна енергија и во наредните студени, тмурни денови ви препорачуваат од “Уна нова“.Салонот  “Уна Нова“се наоѓа во “Пелагонка 2“, 1 кат.

Информации на телефоните: 047/60 99 99  и  075 433 103.

More from БитолаMore posts in Битола »