Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија “Македон“ по повод 75 годишнината од формирањето на Првата Егејска Македонска ударна бригада во Битола организираа традиционално чествување.
На спомен плочата која е поставена во чест на Првата егејска бригада, на Булеварот 1-мај во Битола, кај противпожарната единица, цвеќе положија делегации на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија “Македон“, на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, како и граѓани од Битола.
Декегациите цвеќе положија на гробот на Андреј Чипов во црквата “Св. Недела“, генерален секретар на КПГ, командант на ЕЛАС и претседател на ВМРО Обединета за Егејска Македонија, како и на гробот на Павел Шатев.

Здружението “Македон“ чествуваше за Првата Егејска Македонска ударна бригада (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Битолчани и вечерва ја испочитуваа традицијата во чест на 40 маченици, се искачија на Кркардаш, на Баирот, над Битола (фотогалерија)
- СВР Битола: пронајдена дрога – лишени од слобода три лица
- In memoriam: Драги Гроздановски
- Даскаловски: можаме да играме уште поквалитетно почнувајќи од утрешното дерби со ТФТ
- Филмските дела инспирација за македонските дизајнери и учениците за креациите дел од Креативен ден во Битола





