Press "Enter" to skip to content

Творбата на Андреа Нешковска од ОУ“Св. Кирил и Методиј“ меѓу најдобри десет во Владата на Светскиот ден на детето (фото)

Како дел од овогодинешниот “Најголем час на светот“ посветен на 30 години од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето над 1.300 деца ги доставија своите изработки, а творбата на ученичката Андреа Нешковска меѓу 10 најдобри изложени на мултимедијалната изложба на високо ниво по повод Светскиот ден на детето, која денес се одржа во Свечената сала на Владата на Македонија.Најдобрите беа прикажани на мултимедијална изложба на владината седница на високо ниво насловена како “За децата, од децата“ на која зборуваше премиерот Зоран Заев, министри, евро амасадорот Жбогар, делегацијата на Европската унија, УНИЦЕФ и пред се децата и младите.На оваа мултимедијална изложба  творбата “Секое дете…“ на ученичката Андреа Нешковска 6 одделение од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ се најде меѓу најдобрите 10 од целата земја, која денес заедно со координаторот на проектот, најголемиот час во училиштето, психологот Жанета Ристевска, беа во Владата на свечената седница.Поразговаравме со Андреа која беше пресреќна, но и видно возбудена бидејќи скоро сите високи претставници кои присуствуваа на настанот ги разгледуваа изложените творби и изработки на децата, разговаараа со нив, се фотографираа и честитаа. Им посакаа да творат и понатаму за се она што ги засега децата од нивна душа.

Амбасадорот на ЕУ во земјата Самуел Жбогар посебно се воодушеви од зборовите во нејзината песничка посветена на децата без родители, а Патрисија Ди Џовани претставничката на УНИЦЕФ во земјата запраша од каде инспирација за песничката.За  инспирација Андреа  ни кажа дека на организираниот “Најголем час во училиштето“ заедно со нејзиниот класен раководител и ментор Катерина Петровска се запознавале, дискутирале  за правата на децата преку Конвенцијата за правата на децата.  

Децата без родители и биле  мотив и идеја  да ја создаде “Секое дете…“  во која се вткаени емпатија и многу чувства, емоции. Нејзината творба заедно со неколку други наставникот ментор  Катерина Петровска,  еден од координаторите на nајголемиот час во училиштето заедно со Жанета Ристевска и Александра Упале после разгледувањето на  други изработки и творби од  училиштео ги испратиле најдобрите на конкурсот организиран од УНИЦЕФ.Потоа  творбата посветена на децата без родители на ученичката Андреа Нешковска  беше избрана и  се најде меѓу првите 10 на мултимедијалната изложба од пријавени 1300 творби на конкурсот „Детство од иснината“.

Класниот ракововодител Катерина Петровска и сите настваници имаат многу пофални зборови за ученичката Андреа која е надарена и за  музика, уметност…Медиумите денес објавија дека децата од нашата земја денеска ја “презедоа“ Владата, а на радост на Андреа и таа денес беше дел од тоа, беше дел од децата кои ги изнесоа своите мислења, идеи, креативни творби и  ја “презедоа“ Владата.  А возрасните од кои беше “преземена’денес на високо ниво на  Влада им порачаа на децата кои денес беа присутни,но  и на другите, кои денес беа во клупите дека средбата поттикна многу теми  да разговараме, да ги слушнеме сугестиите, идеите и предлозите  што ги интересираат и засегаат децата.

Жанета Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »