По повод 19 ноември – Светски ден за превенција на детската злоупотреба и 20 ноември – Меѓународниот ден на детето, во Центарот за култура-Битола се одржа приредба во организација на Центарот за човекови права „АМОС“ – Битола.
Приредбата ја подржаа Општина Битола, Претседателот на Советот на Битола г-нот Валентин Груевски, заменик Народен правобранител г-ѓа Лилјана Илиевска, директорката на Центар за култура Маја Андоновска – Илијевски, претставниците од одделот за превенција при МВР-Битола, волонтерите на Црвен крст и секако многубројната публика.
Традиционално, по 18. пат, и оваа година настапија повеќе од 240 деца, од сите основни училишта во Битола, децата од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, како и деца од танцовите клубови, заедно со нивните наставници и тренери.
Се претставија со бројни точки и ја пренесоа нивната позитивна енергија, радост и безгрижност кај повеќе од 600 присутни во салата.
При обраќањето до присутните во салата, проф. д-р Сашо Кочанковски го истакна и значењето на Конвенцијата за правата на детето од ОН, која оваа година слави 30 години од нејзиното донесување.

Центарот за човекови права “АМОС“ организира приредба со 240 деца (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер преку бараж од Втора се врати во Прва лига на Македонија (фото)Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер преку бараж од Втора се врати во Прва лига на Македонија (фото)

- Битолчанката Соња Ангелевска ќе учествува во новото британско телевизиско шоу „Nobody’s Fool“ (фото)Битолчанката Соња Ангелевска ќе учествува во новото британско телевизиско шоу „Nobody’s Fool“ (фото)

- Деновиве пред 10 години: “Шарената револузија“ го исфарба кино “Манаки“, реагираа Власите
- Заврши првото издание на Винскиот фестивал во Битола, “Љубојна“ и “Паркети“ за одлична атмосфера (фотогалерија)
- 4. семинар од областа на ветеринарната медицина на Ветеринарен факултет Битола (фотогалерија)



