Екипата на Еурофарм Работник утре го игра последниот натпревар од групната фаза од “Ц“ групата од Лигата на Шампионите, против екипата на Бисадоа Ирун, но поради лошит резултати и со победа останува последна на табелата.
По спогодбената разделба со Стевче Алушевски, екипата на Еурофарм Раборник ќе ја води Божидар Мојсов, кој беше и на редовниот задолжителен пред секој натпревар, последен за битолчани во Лигата на Шампиони, на кој рече:-Ние сме во една ситуација која ниту еден клуб не би посакал да биде со промени среде сезона. Ни следи најтешкиот натпревар оваа сезона. Најтежок и за мене и за ракометарите. Ни доаѓа лидерот во групата, Бидасоа Ирун која е одлична екипа, системски добро подготвена. Би посакал играчите да излезат на терен и да го покажат најдоброто од себе. Имаме голем неспорен квалитет во екипата и се надевам на добар натпревар и максимално ангажирање.
Капитенот Гоце Ојлески, пред утрешниот натпревар рече:-По еден турболентен период за нас, ни следи последниот натпревар од Лигата на шампионите сезонава. Бидасоа Ирун по мое мислење покажа најмногу и затоа е лидер во групата. Ним им ја даваме фаворитската улога в сабота. Ние веруваме дека ќе се издигнеме и со наш максимум можеме да ги победиме.
Натпреварот против Бисадоа Ирун започнува в сабота во 17:30 часот, а ќе го судат австриските судии Бркиќ и Јусуфхоџиќ.