Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник со победа за крај групната фаза од Лигата на Шампиони (фотогалерија)

Еурофарм Работник – Бисадоа Ирун 25:23 (14:15)

Натпревар во кој за прв пат тренер беше Божидат Мојсов кој стартува со победа во Лигата на Шампионите и последен кој го играат под името Еурофарм Работник пред да го променат името Еурофарм Пелистер.

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник со победа над шпанската екипа стави крај на натпреаврите од групната фаза ло Лигата на Шампионите, со резултат 25:23, полувреме. Еурофарм Работник во ова нивно премиерно натпреварување победи три пати и доживеа три порази, што е резултат за почит. Вечерва “фармацевтите“ во натпревар кој го играа под Еурофарм Работник, пред да го променат името, со дебитирање на новиот тренер, Божидар Мојсов, започнаа изедначено 3:3, а потоа и со 3:5 за Шпанците, за да стигнат и до +4 (5:9). По одбранетиот пенал на Чаневски и серијата домаќините стигнаа до -1 (10:11), а потоа по грешките и до 10:15. Следуваше добра завршница на избраниците на Мојсов, за на полувреме да биде 14:15. На стартот на второто полувреме беше израмнет резултатот 17:17, за водство од 18:17, а потоа и два гола разлика. Во 55. минута беше 22:22, па ново водство 23:22. Шпанците израмнија, а Остроушко возврати за 24:23, а по добрата тактичка игра во послената минута Еурифарм Работник постигна гол за 25:23 и радост за третата победа.Божидар Мојсов не можеше да посака поборно деби, прв натпревар и победа, а на пресот по натпреварот рече:-За мене ова е деби од соништата. Најпосакувано за еден тренер е да започне со победа. Би сакал да им се заблагодарам на моите играчи. Имавме тешка недела, многу проблеми и повредени играчи. Кукоски беше на 80%, но го даде максимумот. Верувам дека оваа екипа може многу, со оглед на тоа што беше создадена за натпревари во Лигата на шампионите и СЕХА лигата. Се надевам дека набрзо ќе излеземе на прав пат.Горан Кузманоски по мечот рече:

-Денес одигравме лош прв период од мечот, но потоа покажавме карактер и желба, па се вративме во игра за бодовите. Сакам да ја пофалам и публиката, која ни даде крилја за победа. Вечерва ги постигнавме тие голови кои претходно ни фалеа во драматичните натпревари кои ги загубивме.  Можеби некој нема да се согласи со мене, но јас мислам дека оваа сезона за нас беше успешна. Сепак, треба да се земе предвид дека сме дебитанти.-Игравме одлично во најтешкиот натпревар и со најсилниот тим. Натпреварите ги завршуваме со искуство повеќе и со победа. Можевме да освоиме некој бод повеќе но важно е што со најголем дел ид противниците бевме рамноправни, а во три средби и победивме, изјави најдобриот поединец на средбата, голманот на Еурофарм Работник, Чаневски.Најефикасен кај домашните беше Остроушко со осум погодоци, а Ѓукиќ и Марковски постигнаа по 4 гола.

Текст и фото: С. Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »