Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: не помагаат ни контролите, повторно тешко повреден пешак на “Партизанска“

На 01.12.2019 во 11,28 часот било пријавено дека во Битола, на крстосницата од улиците „Партизанска“ и „Климент Охридски“, патничко моторно возило “цитроен ксантија“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (39) од Битола удрило во пешак М.З.(79) од Битола. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

Полициски службеници од СВР Битола 29.11., 30.11 и 01.12.2019 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека 17 возачи управувале возило без возачка дозвола, 12 возила биле нерегистрирани. Под дејство на алкохол биле седум возачи, поради што биле отстранети од сообраќај, заштитен појас не користеле 13 возачи, а 10 возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото. За сите неправилности издадени се соодветни налози.