Press "Enter" to skip to content

“Еразмус +“ активност на УКЛО: пасошот и индексот да не се користат за патување во еден правец

Во Ректоратот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ Битола  се одржа “Еразмус +“ активност во чии рамки е реализирана и  работната средба на директорката на Националната агенција за образовни програми и мобилност, Лидија Димова. Освен со  проректорот и институционалниот  “Еразмус +“ координатор на УКЛО,  проф. д-р Марјан Ѓуровски на средбата присуствуваа  и продеканите за настава и меѓународна соработка на единицит, Еразмус координаторите на единиците, универзитетската канцеларија  за мешународна соработка како и  академски кадри од Универзитетот задолжени за академска мобилност.Пред почетокот на средбата, во изјава за медиумите проректорот на УКЛО, проф. д-р Марјан Ѓуровски истакна дека:-Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола денеска е домаќин на директорката на Националната агенција за образовни програми и академска мобилност, Лидија Димова  и особено е значајно што придонесуваме кон динамизирање  и зголемување на  активностите во врска со Европските образовни програми. Сите овие активности кои ги отпочнуваме и денешниот разговор е во функција на подобрување на севкупните капацитети на Универзитетот и на факултетите,во зголемување и искористување на фондовите кои ги нуди Европската Унија, се во функција на поголема интернационализација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и воедно, на тој начин, зголемување и споделување на искуствата и знаењата.Ние преку овие работилници кои очекуваме да се зголемат од почетокот на идната 2020 година, заедно со Националната агенција, очекуваме да се стекнат нови знаења  околу новите правила и можности кои ги нуди Европската Унија и на овој начин, Универзитетот заедно со  Националната агенција отвора еден прозорец кон информации со цел да го пробудиме интресот кај студентите за нивна мобилност и патување во странство на универзитетите на  земјите од Европската унија или пак во Регионот.На тој начин, пасошот и индексот да не го користат за патување во еден правец, туку повторно да се вратат во татковината и своето знаење и искуство да го споделат со колегите и заедно со нашите професори да го вградат во Универзитетот.

Особено е значајно и ќе посветиме внимание заедно со Националната агенција во престојниот период  на фокусирање на елементот на искористување на  Еразмус програмите и значењето и фидбекот што ќе го имаат на домашната,  локалната економија.  Верувам дека и локалните актери, локалната самоуправа и единиците во кои се наоѓаат нашите единици ќе ја препознаат вредноста и на тој начин заедно ќе се поддржуваме.Заблагодарувајќи се на поканата, директорката на Националната агенција за образовни програми и мобилност, Лидија Димова истакна:-УКЛО е првиот универзитет во државата којшто ја препозна потребата од предвремено советување со Националната агенција. Зошто предвремено?  Затоа што во последните неколку месеци, пред се во последната година, речиси сите знаат дека средствата за Еразмус на ниво на Европката Унија ќе се зголемат двојно, а можеби и тројно, затоа што Европскиот Парламент инсистира на уште повеќе средства, а тоа значи дека Европката Унија ќе биде исправена со еден  огромен предизвик: како да потроши толку многу пари. Значи, станува збор за огромни средства што ќе бидат ставени на располање на образованието.Во Македонија за жал, овие средства кои и досега ги имавме не беа добро искористени, односно не беа целосно искористени, меѓутоа, капацитетот не беше доволно голем и ако морам да признаам дека УКЛО и не стои така лошо во однос на другите универзитети, меѓутоа, ме радува фактот што конечно еден универзитет побара да чуе што се случува и да се вклучиме во тој процес на дијалог со Европската Комисија и градење на капацитетите на Универзитетот за да го зголемиме неговиот апсорпциски капацитет за да може утре да ги искористиме благовремено тие средства и тоа е темата на нашиот разговор: како може да се подобри работата на Универзитот и ќе ги споделиме идеите околу подобрување на некои од работите коишто може да имаат драматичен потенцијал за зголемување на тие капацитети и се надевам дека од следната година ќе може многу повеќе да соработуваме“.

За време на посетата   разгледани се  можностите за интензивирање на соработката и поттикнување на поголема Еразмус + соработка и размена на студенти и професори. Имајќи го во предвид значењето на европските програми од доменот на високото образовани меѓу кои и најголемата програма Еразмус + се работи на потребата од нејзина промоција и приближување до непосредните корисници студентите и професорите на Универзитетот  „Св.Климент Охридски„-Битола.

Е. Атанасоска