Press "Enter" to skip to content

КК Пелистер за причините и смената на Зоран Тодоровиќ и ангажирањето на Малинков

По повод смената на шефот на стручниот штаб и тренер на сениорската екипа на КК Пелистер, Управата на клубот преку соопштение за причините и смената и ангажирање на нов тренер, кое го објавуваме во целост, а во кое стои:

-Управата на КК Пелистер, АД Битола сака да изрази голема благодарност до кошаркарскиот селектор и тренер Зоран Тодоровиќ за неговиот ангажман и огромен придонес во развојот на битолската и македонската кошарка.

За жал оваа сезона, како и минатата, не успеавме да обезбедиме тренерска лиценца за шефот на нашиот струцен стаб поради критериумите и пропозициите од правилникот на тренерската организација при КФСМ и со тоа нам, и него, му беше скратено правото да ги води натпреварите како прв тренер.

Во тие отежнати околности дојдовме до заедничко решение за доброто на сите, односно, Зоран Тодоровиќ, да може да ја продолжи кариерата во друг клуб каде што ќе може непречено да ја извршува својата функција, а исто така и ние да можеме да ангажираме тренер кој ќе може да ја извршува непречено функцијата, шеф на стручен штаб во нашиот клуб и со тоа да пробаме да ги подобриме резултатите во оваа сезона.

Во оваа прилика уште еднаш да изразиме голема благодарност до Зоран Тодоровиќ и му посакуваме многу здравје и среќа во понатамошната кариера. Нашата соработка беше и ќе остане во иднина на високо ниво затоа што причината за спогодбено разидување е чисто од технички причини.

Изборот на нов тренер падна на долгогодишниот стратег на клупата на Фени Индустри и помошник во мак-сениорска репрезентација Љупчо Малинков, на кого му посакуваме добредојде и успех во останатиот дел на сезоната.

КК Пелистер, АД Битола

 

More from СпортMore posts in Спорт »