Press "Enter" to skip to content

УКЛО и Стопанската комора на Македонија потпишаа меморандум за соработка (фотогалерија)

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола денес на стартот манифестациите по повод Патрониот ден 8 Декември, потпиша меморандум за соработка со Стопанската комора на Македонија.Пред потпишувањето на меморандумот беа проректорите на УКЛО, а до присутните се обратија Ректорот на УКЛО проф. д-р Сашо Коруновски и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески потпишаа Меморандум за соработка.Азевски рече дека ова требаше да се направи порано, но и сега не е доцна, а соработката помежу овие две многу важни институции во државата мора да биде на највисоко ниво.-Не само што ќе потпишеме меморандум за соработка, туку таа соработка мора да се воспостави и да функционира на високо ниво. Се надевам и ве уверуваме дека по една година кога повторно тука ќе се собереме ќе имаме многу да се пофалиме, рече Азевски.Ректорот нагласи дека соработката со Стопанската комора е од големо значење на Универзитетот во секој поглед, а рече:-Секогаш кога преговараме или се договараме за соработка на било кое ниво, нас не прашуваат каква ни е соработката со бизнис заедницата. Токму ова што денес го правиме е она со што во иднина ќе го презентираме, а во таа насока важно е да се напомене дека студентите во иднина ќе мораат да имаат трудови со кои ќе се решаваат проблеми од стопанството.Како што беше истакнато, ова е прва од ваков вид соработка меѓу академијата и Стопанската комора чија реализација ќе се остварува преку унапредување на пазарното стопанство, претприемништвото и конкурентноста, вмрежување и работа во национални и меѓународни мрежи, спроведување заеднички иницијативи за успешно имплементирање на европските политики и регулативи, обуки и тренинзи и слични активности за зголемување на вработеноста и учество во економскиот развој.На чинот на потпишување на Меморандимот за соработка покрај комплетното раководство на УКЛО присуствуваа претставници од десетина највлијателни и најзначајни компании од Прилеп и Битола, предводени од претседателот на Регионалната стопанска комора, Мирко Велевски. 

Ректорот Коруновски му додели златна плакета на претседателот на Стопанската комора на Македонија, г-дин Бранко Азески.

Б.А.