Press "Enter" to skip to content

Свечената академија “Климентовиот дух во новите генерации“ за патронатот на ОУ “Св. Климент Охридски“

Синоќа во салата на Народниот театар се одржа свечена академија по повод одбележувањето на големиот јубилеј, 30 години од започнувањето со работа на ОУ “Св. Климент Охридски“ на која присуствуваа родители, ученици, наставен кадар, вработени во училиштето, гости од други училишта и претставници на локалната власт.

На свечената академија се обрати директорката на училиштето Гордана Анастасова при што  истакна:-Големиот јубилеј, 30 години од започнувањето со работа на ОУ “Св. Климент Охридски“ се  одбележа со поголем број на настани, кои ќе придонесат за поголема афирмација на училиштето и подобрување на условите во кои учат и престојуваат учениците во училиштето го носи името на нашиот  просветител Св. Климент Охрисдки, со што успешната училишна приказна и традиција продолжува со  „Климентовиот дух  во новите генерации“. На свечената акадеија се претставија  училишниот хор,  оркестар и рецитаторската секција подготвени од своите наставници ментори. Тие пееја, рецитираа, го чествуваа името на  големиот просветител, учител, педагог, СВ. Климент Охридски“.На свечената академија беше промовирана и  монографијата “Успешна училишна приказна“.

Жанета Ристевска,

Фото: Дамјана

More from ВестиMore posts in Вести »