Press "Enter" to skip to content

Пораз на ракометарите на Пелистер од Пролет во Скопје

Пролет – Пелистер 36:26 (17:11)

Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Гледачи: 200. 

Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. 

Пролет: Кристо, Кизиќ, Коруновски, Аларов 5, Поповски, Давитковски 3, Матовски 1, Манев, Јовановски, Гроздановски 1, Андоновски 8, Џонов 6, Мајнов 5, Гичев 1, Стојановски 1, Игнов 5.

Пелистер: Ристевски, Иваноски, Трајковски 5, Блажевски 2, Петровски 6, В. Димитровски 2, Митревски 3, Мандиќ 1, И. Димитровски 3, Апостоловски 1, Петковски, Димитров, Илиев, Буторац 3, Вардовски.

Ракометарите на Пелистер  во завршницата на есенскиот дел од Супер ракометната лига се поразени од Пролет на гостувањето во Скопје, а на табелата се седмопласирани со 14 бодови.

Отворањето на натпреварот беше неизвесно, но домаќините ја одржуваа минималната предност, која полека растеше, прво на +3 некое време, а потоа на крајот од полувремето да биде +6 (17:11). Оваа разлика домашните ја чуваа и во второто полувреме, а екипата на Пелистер не успеа да ја намали, туку напротив таа во финишот се зголеми на десет гола, 36.26. 

Најдобар стрелец кај Пелистер Петровски кој постигна шест, а следува Трајковски со пет гола.

More from СпортMore posts in Спорт »