Press "Enter" to skip to content

Младите пливачи на Олимпик од Бугарија се вратија со три златни медали (фото)

Викендов во Благоевград, Бугарија се одржа 8. по ред меѓународен пливачки митинг “GD CUP 2019“ во организација на пливачкиот клуб ГД Спорт од Благоевград, на кој како и изминатите години учествуваа и младите пливали на пливачкиот клуб Олимпик од Битола.На овој пливачки куп настапија девет пливачки клубови, а младите пливачи на Олимпик, постигнаа одличен успех. Тие во силна конкуренција освоија четири медали, од кои три знатни и една бронзена, а сите учесници добија и награда за учество.Освојувачи на медали во Благоевград се: Теона Буџаковска, Срна Лошкоска-Ружинова, Дамјан Петровски и Бојан Лошкоски-Ружинов, клубот предводен од тренерот Кире Марков се врати и со клупски пехар како признание за нивната посветеност кон овој спорт.

More from СпортMore posts in Спорт »