Press "Enter" to skip to content

Битолчани уживаа во 80 видови вино, на “Боемски вински салон 2019“ (фотогалерија)

Во фоалето на Народен театар Битола вчера се одржа “Боемски вински салон 2019“, како “афтер парти“ забава за битолчани кои имаа прилика да дегустираат 80 етикети од 20 вино производители, а настанот се одржа во организација на конвивиумот “Слоу Фуд Битола“.“Битола, бабам, Битола, Таму се живот живее. Таму се јаде и пие.“,

гласеше поканата за најбоемскиот и  најхедонистичкиот настан во Битола, на второто издание на “Боемскиот вински салон“ во Битола.-Салонот има за цел презентација и промоција на  производители на вино, кои ќе ни ги презентираат нивните вински приказни и ќе ни понудат на дегустација вина направени со страст.  На овој начин сакаме да ја градиме винската култура во нашиот регион,  да едуцираме за значењето на поднебјето, за зачувувањето на локалниот биодиверзитет во лозјата, техниките на производство на вино и зачувувањето на животната средина, велат од “Слоу Фуд Битола“.На овогодинешното издание на „Боемски вински салон“ се претставија реку 20 производители со 80 етикети на вино. Тука беа битолските “Чифик“, вила “Фихово“, но  производители како “Кувин“, “Кимов“… Овој “Боемски вински салон 2019“ на “Слоу Фуд Битола“ привлече големо внимание на битолчани кои дегустираа и уживаа во виното, храната и добрата музика, а овој настан помогнаа  да сепромовираме филозофијата на “Слоу Фуд“ преку презентација на вина од страна на малите винарници.

С.Р.