Press "Enter" to skip to content

Божикен и новогодишен концерт во организација на МХД “Марко Марулиќ“ (фотогалерија + видео))

Во организација на Македонско-хрватското друштво “Марко Марулиќ“ во малата сала на Центарот на култура во Битола се одржа традиционалниот Божикен и новогодишен концерт.Овој пат гости од Хрватска беа далматинскиот машкиот вокален состав “Подворје“ од Каштел, Суќурац.-Ова е продолжување на традицијата МХД “Марко Марулиќ“ да организира Божикен и новогодишен концерт, а оваа година на наша покана на концертот настапи машкиот вокален состав “Подворје“ од Каштел, кои според аплаузот кој го добија по завршувањето на концертот ги исполнија очекувањата на публиката, рече Бранко Маретиќ, претседател на МХД “Марко Марулиќ“, кој додаде дека во публиката имаше Хрвати кои живеат во Битола, но и битолчани кои ја почитуваат хрватската песна и култура.Гостин на Божикниот концерт беше новата амбасадорката на Хрватска во Македонија, Нивес Тигањ, градоначалничката на Битола – Наташа Петровска, претставници на хрватска амбасада во Скопје, но и претставници на хрватските здруженија од другите градови.-Само кратко време сум тука, но се радувам што за прв пат сум во Битола, во најградскиот град, во градот на клавирите. Се надевам дека ќе уживаме во Божикниот концерт, што ќе биде повод и за воспоставување на нови соработки со Битола, рече амбасадорката Нивес Тигањ.

За време на концертот беа прикажани и три кратки документарни филмови за Каштел и на неговото културно наследство, но и  прекрасни карди за природните убавини на ова приморско место.По концертот во хотелот “Премиер – Центар“ се одржа и Божикната забава на ова Друштво, на кое беа размената подароци и договорени нови настапи, а гостите уште еднаш уживаа во прекраснатите изведби на машкиот вокален состав “Подворје“.Инаку, со цел презентирање и запознавање на македонската јавност со богатата хрватска култура и традиција изминатите години во текот на своето 25 годишно постоење, ова здружение организираше многубројни гостувања како на хрватски здруженија, ансамбли и уметници во Битола, така и на македонски театри, уметници, ансамбли во Хрватска. 

Текст и фото: С. Ристевски