Вработените во јавното претпријатие Стрежево – Битола, масовно се приклучија на акцијата организирана од страна на Владата кон граѓанската иницијатива “Не биди ѓубре“, под мотото “Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“.
–Денес се спроведе организирана акција за чистење на браната Стрежево со придружните објекти со посебен акцент за разубавување на просторот околу кула зафат, рече директорот на “Стрежево“, Менде Граматковски, и додаде:
–Се собираа несоодветно расфрлените отпадоци во околината (комунален отпад: пластика, хартија и картон), со што беше постигнат значаен ефект кон расчистување на овој дел од отпадоци, но сепак пред се човечкиот фактор е пресуден за надминување на овој глобален проблем поради што како општествено одговорна институција апелираме одговорно и совесно да се ослободуваме од отпадот на места кои се предвидени за оваа намена.
Денес и за полицијата беше работен ден, а тие го исчистија дворот околу зградата на СВР Битола.
Портпаролот на битолската полиција, Сања Стаматова, информира дека сите вработени се вклучени во акцијата за чистење.

Фото вест: “Стрежевци“ чистеа на брана, полицијата во дворот
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во поезијата на Љупчо Петровски, сега во Австралија, се чувствува носталгијата, но и гордоста што ја носи со себе
- Објавен конкурс за нови композиции, фестивал “Бисер на Јадранот” 2026, повик за пејачи, автори од Македонија
- СВР Битола: две лица приведени за марихуана, едниот е 16 годишник
- ЈП „Нискоградба“ партерно уредува зад зградата на СВР Битола
- Коњановски организира ифтарска вечер





