На 16 декември во 1976 година адвокатите од Битола за првпат формално и правно одлучија да регистрираат Општинска адвокатска организација (ОАО), која имаше за цел да ги штити и да ги застапува интересите на адвокатурата, затоа одржаа свечена седница на Адвокатската заедница на Битола, на која присуствуваа голем број на адвокати од Битола и делегација на збратимената адвокатска комора од Крагуевац, Србија.
По тој повод, адвокатите од Битола, преку Адвокатската заедница на Битола, го одбележаа Ден на адвокатурата, во хотелот “Премиер Центар“, се потсетија на претходниците, да ги поздрават оние кои бележат јубилеи во работењето, но и тие кои пристапуваат кон адвокатурата, рече потпретседалот на адвокатската заедница на Битола, Иван Рутевски, ги поздрави новите членови, а им го честита јубилејот на адвокатите кои оваа година прославуваат јубилејни години од работењето како адвокати.
На свечениот состанок пред околу стотина присутни се обрати претседателот на Адвокатската заедница, Никола Главинче, кој нагласи дека битолските адвокати ја продолжуваат адвокатската традиција во Битола, но и дека и овој состав на адвокати кои сега работат во Битола, се доста квалитетни и дека некој друг во иднина по 30-40 години ќе зборува за нив и дека сака во Адвокатската заедница покрај младите да ги види во поголем број и повозрасните адвокати.
На состанокот посебно беа поздравени адвокатите што одбележуваат јубилеј во својата адвокатска кариера од 25 и 20 години.
Рутевски и го честита пезионирањето на Корнелија Димитровска и Драганчо Димитровски, кој за заблагодари за честа која им ја направија колегите, ги повика да бидат поуспешни во работењето и да се изборат за своите права и правата на клиентите.
Колегите им ги честитаа и јубилеите на адвокатите кои имаат 25 и 20 години работа. Адвокати кои имаат 25 години служба во Битола се: Мимоза Дојчиновка, Ивица Кушевски, Елизабета Неделковака, Владимит Петличковски, Славчо Талевски, Васко Талевски и Александат Ѓ. Танчевски.
Марга Сотировка и Доне Кузмановски одбележаа по 20 години стаж во адвокатурата, а нови адвокати во Битола се: Катерија Спировска-Кардашовска, Тома Јошевски, Милое Божиновски, Богдан Докулевски и Наташа Секуловска.
Во име на адвокатите кои слават јубиле зборуваа Ивица Кушевски и Александар Ѓ. Танчевски, а како највозрасен адвокат зборуваше Васко Ѓоргиев, кој се осврна на адвокатурата некогап и сега и им порача да младите колеги да бидат успешни како и претходниците.
На свечениот состанок беа присутни и колегите, адвокати од Крагуевац, Србија, со кои се збратимени од 2005 година. Тие кои упатија честитки за прославата, а зборуваше Милован Мики Стојановиќ, адвокат од Јагодина, заменик на престседателот на АК од Крагуевац.
Стојановиќ рече дека оваа соработка која се случува помеѓу овие две адвокатски комори е пример за сите, која треба и понатаму да се негува. Нагласувајќи ја соработката, а посебно големото пријателство тој на Адвокатката заедница на Битола и на Васко Ѓорѓиев им подари пригодни подароци.
По свечениот состанок следуваше и традиционалната адвокатска забава која беше отворена со песната “Ако одам во Битола“ која ја има напишано адвокатот Петар Георгиев – Калица.
Текст и фото: С. Ристевски






