Битолчани од ден на ден се се погладни за убави музички концерти, а тоа и го докажаа и синоќа која ја преполнија Големата сала на Центарот за култура на концертот “Приказна за еден град”. Тоа беше насловот на годинашниот новогодишен џез концерт на формацијата “Jazzna & Friends“.Седум мина извонредни инструменталисти заедно со најпознатиот џез-вокал во Македонија, Џон Илија Апелгрин и вокалистката Јасна Димитровска успеја да направат вистинска џез бајка од познати кавери изведени во џез манир, а публиката ги бараше на “бис“.
“Приказна за еден град” на “Jazzna & Friends“ одлично ја отсвирија Оливер Јосифовски, Дамир Имери, Славчо Коцев, Ади Имери, Сенад Хусеин, Рики Трајановски и Демир Кантуровски.
Во концертот “Приказна за еден град” битолчани можеа да уживаат уште толку, а песните исполнети од Апелгрин и Јасна Димитровска си ги потпевнуваа и по завршувањето на концертот.
Ж.Ристевска