Ви ја претставуваме фирмата ДООЕЛ “Бона Колорс“ која се бави со трговија и услуги на бои и лакови и фасадни материјали. Тие се веќе 2 години на македонскиот пазар и се докажаа и промовираа успешно на пазарот со своите услуги. Посебно во изведбите на термоизолационите фасади. Сопственикот на “Бона Колорт“, Бобан Наумоски, ни одговори на неколку прашања.
Кои се услуги ги нуди Bona Colours ?
-“Бона Колорс“ нуди решенија на сите предизвици што се поврзани со градежништвото (ентериери -сува градба, и изведба на фасади) во согласност со нивните потреби и нивните желби. Согласно овај принцип, нашата клиентела постојано се проширува и нудиме максимална професионалност и квалитет, како и со изведбите така и со материјалите.
Што добиваат клиентите кои “купуваат“ во “Bona Colours“ ?
-Слободно можам да кажам дека редовната клиентела како и останатите нови клиенти добиваат квалитет, врвна услуга, професионалност, гледано од секој аспект.
Какви интересни идеи – решенија им се нудат на оние кои сакаат да реновираат и прават фасади?
-Нашата креативност е пред се. Како што е горенаведеното дека секогаш на прво место ни се желбите на клиентите. Но исто така, ние сме тука да им предложиме и нови идеи кои потекнуваат од нашето долгогодишно работно искуство во изведбата на термоизолационите фасади и ентериери.
Дали е тешко да се функционира на пазарот како нов бизнис?
-Конкуренцијата во овој бизнис моментално има најголем замав. Со оглед на тоа дека сме 2 години на пазарот, полека се издвојуваме од останатите конкуренти, секако со нашата професионалност, квалитет (како и во изведба така и во материјали), но и ниски цени.






