Press "Enter" to skip to content

Игор Трајковски-Фоја, aвангардна мултимедијална личност, “Here and now“: уметноста е магична алхемија која се доживува со сите сетила (фотогалерија)

Автор: Жанета Ристевска

Одредено време се договаравме за интервју, кое се одложи заради обврски, но сега сигурно прав момент за разговор кога неговото име стана  познато и пошироко од Битола кога се вклучи во популарната серија „Преспав“ како сценарист во 4 сезона. Одбравме право време за опуштен разговор и фотографии  на чист воздух, сино небо и сонце во Ниже поле, со прекрасен поглед на планините чиј вљубеник е.

-„Ги сакам планините, еднаш неделно поминувам на чист воздух, за да се опуштам од обврските и пишувањето за кое ми е потребна креативна енергија. Планинарам уште од мал, се искачив на врвот Олимп во 8 одделение. На планина ја запросив мојата сопруга. На чист воздух со чиста душа и срце, објаснува низ насмевка и поглед на среќно штотуку  оженет човек. Заедно со  сопругата Сања Грбиќ го поминуваше слободно време.Низ еден неформален разговор на падините на Баба планина, сликовито ми раскажа приказна за неговиот живот и дело. Тоа е Игор Трајковски познат како Фоја, ненаметлив, но тоа што го прави сите овие години на уметнички и културен план за Битола сигурно е за почит, авангардно и претставува вистинско културно издигнување и ослободување на Битола. Игор е  мултимедијална личност автор, фотограф, графички дизајнер и филмски сценарист… И. Т. Фоја  стана познат пошироко од Битола  како еден од сценаристите на серијата “Преспав“ четврта сезона. Се појави во улога на Хајнц во епизодата  “Транс Тоалет“ без да каже збор, но со својата појава кажа многу и остави силен впечаток кај публиката. Автор на 3 книги првата „Кукла“ преведена на англиски јазик. Еден од идејните творци на Фестивалот на аудиовизуелен перформанс и дизајн на храна “300  Работи, Триста“ со многу проекти на Битолско лето меѓу кои и  сценарист на краткометражен нем филм бурлеска “Во долот на конзулите“ и филмот “СФРМ“ за потребите на првото “driving“ кино во Битола. Сопственик на “Радост“ кафе место каде се одржуваат промоции, изложби, лајф перформанси, место на магична уметничка алхемоја и авангардни уметници, писатели…  Тука би додала вљубеник во Битола, природа, планини, езера, екстремни спортови, мотори и патувања.

Ќе започнеме од почеток…За детсвото…

-Бев тивко, мирно дете кое можеше да си фантазира и игра и по цел ден со некоја кутија пример цигари, претварајќи се дека сум возрасен. Растев во средина  во уметнички дух  опкружен со  уметнички слики, графики, фотографии и книги.  Се сеќавам дека еднаш неделно моите родители ме носеа на театар каде уживав во театрски претстави бидејќи не сакав да седам дома или кај баба дедо. После тоа ме носеа на компирчиња и јас уживав во овие излегувања кои ми се останати во убави сеќавања. Најголем впечаток ми остави концертот на Џорџе Балашевиќ некаде на 7 години и можам да кажам дека тоа искуствво на кое се сеќавам дека ми предизвика емоции и морници по телото. Тогаш компирчињата и не ми беа толку „важни“ (се смее).Училишни денови основно и средно образование…

-Тоа беше период околу 6,7 година, паметам многу често  одев во канцеларијата на мојата мајка Гордана која беше адвокат и ме фасцинираа буквите и типките на машината за куцање и долго поминуваав во нивно барање и типкање. Можам да кажам дека не ме интересоираше да цртам, иако мојот дедо ми даваше четка во рака, а јас бев насочен кон  спорт и планинарење. Зачленет бев во планинарско друштво и во осмо одделение се искачив на врвот Олимп. Од тогаш цело време одам, пешечам и вљубен сум во планините и морам да кажам дека тоа ме релаксира. Средно образование учев во гимназијата Јосип броз Тито и сега веќе настапува мојот бунтовен период кога заедно со моите другари Дафе, Чапе, Љунен и Маријан (сега отец Кирил во манастир св. Јован Бигорски)  оформивме панк бенд каде ја изразувавме својата бунтовна природа. Еден период многу возевме скироли. Се сеќавам ги носевме на матурска екскурзија во Будимпешта и заради нив имавме проблеми со обезбедувањето во хотелот.-Факултетски денови…

-Откако не заминав да студирам во Словенија  – Порторож бидејќи требаше да отидам сам, тука би кажал дека во тој период дружањето ми беше најважно и не можав да замислам да одам таму. Од оваа денешна перспектива не ми е баш јасно ова.  Се запишав на Шумарски факултет бидејќи имаше отсек за дизајн на внатрешен ентериер и мебел, кој изгледаше уметнички и ме привлекуваше. Но при крај изгубив интерес и не го завршив за два- три испити.  Позитивното е што при осмислувањето на ентериерот кога го отварав  “Радост“ кафе добро ми дојде искуството од овој смер. Искрено, отидов да студирам во Скопје за дружење и студентски живот надвор од Битола. Тука настанаа многу дружби, а особено кога започнав да работам во кафе бар „Сопотско“чиј сопственици беа битолчани. Тоа беше место каде доаѓаа уметници, режисери, писатели, а и персоналот кој работеше тука беа од овие бранши. Место со посебна енергија.  Во тој период инспириран од многу интересни случки и настани започнав да запишувам се што ми се случува дневно во моето опкружување, низ призмата на  мое видување. Ова што го пишуваав на компјутер во фолдер го прочита  Димитар Николовски Димса режисер во Драмски театар, а мој колега, другар во кафе бар „Сопотско“. Тој е виновникот и оној кој поттикна и ми помогна околу  понатамошно едитирање и издавање на тие  први написи раскази, поезија околу 25 во книга со наслов „Кукла“ .Во 2010 година на 28 август мојата прва книга имаше оригинална  промоција во кафе бар „Камарите“ во Битола. Тоа беше аудиовизуелн перформанс со кукла. Таа промоција наиде на голем позитивен одзив кај публиката која присуствуваше, бидејќи дотогаш промоциите на книги се случуваа во библиотека и слично. За перформансот најдов и кукла од бутик кој наскоро после промоцијата  затвори, но мене ми остана куклата (се смее). На промоцијата беше и мојот дедо Д.Д. Такец кој заедно со Димитар Николовски Димса како  рецензенти зборуваа за книгата. Такецот многу успешно и вешто  знаеше да комуницира со публиката,  на промоцијата на „Кукла“ заради проблем со глауком слабо гледаше,  во свој стил се обрати на публиката „ве гледам како црнци во тунел“. „За мојот внук ја посветив песната „Месарчето Игор“ во една моја збирка, но сега месарчето Игор не сака многу месо туку сега  сака женско месо“ на што сите се смееја.  За својот дедо Димитар Димитровски Такец…

-Мојот дедо Димитар Димитровски Такец беше права енциклопедија на податоци, факти и настани кои знаеше да ги пренесе на фантастичан начин . Нормално тој покрај тоа што беше уметник, беше и  новинар дописник на Нова Македонија од Битола.. Се сеќавам дека еднаш неделно, што значи дел од викендот на моја голема радост го поминував кај нив заедно со моите братучеди. Се слушаше само радио 102  каде тој претходно работеше како спикер, но тој ја сакаше својата Битола најповеќе и се врати  да известува од тука. Моите дедо и баба кои беа битолска традиционална фамилија каде се почитува традиција, се јадеше во точно време со сите културни манири.  Велат мирисите најповеќе се паметат и будат емоции… Се уште го паметам мирисот на традиционалните јадењата кои ги готвеше и месеше мојата баба која беше права домаќинка и голема поддршка на мојот дедо во секаква смисла. Паметам дека  мојот дедо Д.Д Такец со свои мудри мисли имаше одговор на се што ќе го прашав. Тој беше жива енциклопедија за многу настани во Битола роден 1922 година ,а своите сеќавања хронолошки ги преточи во книгата  „Перформансите на Широк Сокак“ во која учествував при нејзиното средување. Во последните негови години  бидејќи на постари години тој имаше тежок глауком, и проблем со вид, 3 години поминавме заедно еден ден од неделата во средување на огромниот број податоци за 40 годишниот опус и хронологија за Битола.  Книгата имаше  своја промоција на која учествувавме со мојот бенд и  “Live performans Gipsy“.Постидипломски студии на ФИОФА отсек филмско сценарио

-Со отварањето на филмската академија ФИОФА во Охрид, пред 5 години се запишав на
постдипломски студии на катедрата на Филмско сценарио во класта на професорот Иво Трајков од Чешка. На овие студии доаѓаа професори од Прага (Чешка) и неколку дена одржуваа часови и работилници од својот предмет,  (Филмската академија од Охрид) како институција не постои и дел од  студентите отидоа во Прага за да ги завршат студиите, но дел кои стигнааа до 3 година и магистрираа се уште  се заталакани во лавиринтите на системот и сеуште се борат за нивните дипломи и покрај тоа што си ги завршиле целовито нивните обврски пред повеќе од година дена. Од тука излегоа многу квалитетни филмски работници кои денес работат на свои проекти во  светот на филм. Сценарист во серијата “Преспав“

-“Преспав“  успешен македонски проект. Самиот факт што се емитува 4 та сезона кажува дека Преспав има  здрав хумор кој иронично ги опфаќа сите сегменти од нашиот секојдневен живот. Неговата популарност произлегува од тоа што секој гледач може да се пронајде во актерите и нивните случки. Соработка со Пеце Талески, главниот и извршен продуцент на ОХО, односно ТВ Серијата Преспав започна во пролетта 2019 ОХО  со подготовките  за 4-та сезона на Преспав. Јас добив шанса да се приклучам на тимот на сценаристи предводен од сценаристот Сашо Кокаланов и продуцентот Пеце Талески. Низ работилниците кои се одвиваја во продукцијата ОХО учествуваат Сашо Кокаланов, Алек Попов и Делјана Манева. Соработката со ражисерот Георги М, Унковски со кој работевме  на  двете епизоди “Транс Tоалет“ и „Виш инспектор“   испадна многу успешна. Негова беше и идејата да се појавам во улограта  на странецот Хајнц што секако беше едно многу интересно искуство за мене. Чест ми беше да бидам дел од тимот на „Преспав“ и едно драгоценото искуство.И. Т. Фоја  уметник

-Во областа на уметноста правам обиди  некаде после 18 година со комбинации на фотографија и абстракна графика.Со свои уметнички графики учествував на повеќе изложби во земјата и надвор, меѓу кои Интернационално Биенале на графичка уметност, Португалија 2014 и Интернационална Изложба на Графичка уметност „Огледало лице во лице 2016“ Виченца, Италија.Игор Трајковски Фоја автор …

-Автор е на книгите „Кукла“ – 2010 (околу 25 кратки раскази, поезија и посвети) преведена е на англиски јазик и романот „Снежна Пустина“-2013. Дел од тиражот на Снежна Пустина беше откупен од Министерството за Култура. Во рамки на настанот „културно ослободување на Битола промовирана е книгата „Иднина во минатото“ „Сеќавања од патувањата  во Шенжен“.Уредник

-Главен и одговорен уредник на зборниците: Колегиумски Записник 001  (2014); Колегиумски Записник 002 (2015); Колегиумски Записник 003 (2016) и  C o l l e g i u m  E n c l o s u r e 0 0 4 ( 2 0 1 7 ).  Уредник е и на Списанието „Магента“ кое од 2015 па наваму третира разни сфери на уметноста, концетритајќи се на Битола и регионот. Музичар…

-Основач  на групата „Live Литературен Перформанс“ која е симбиоза на музичари и писатели се со цел непосредна промоција на литературата. Во неа учествуваат дел од музичарите на бендовоте „Фолтин“ и „Паркети“. Низа настапи  во кафе бар „Камарите“ , а потоа на сцената на амфитеатарот Тумбе кафе.Иницијатор за  “Колегиум“ неформално здружение на авангардни уметници од кои потекнува идејата за  организирање на   Фестивалот на аудиовизуелен перформанс и дизајн на храна “300  Работи, Триста“.

-Фестивалот е започнат како проект на Битолско лето пред 8 години во 2012,  замислен да на едно место   собере уметници од различни области на уметност, литература, поезија, музика, дизајн на храна… Сите претходни години овој фестивал пронајде различни начини и форми за да материјализира нешто, што е препознатливо за публиката како  конзумент. Идеја на авторот за „Уметничко литературен  преформанс во живо“ и уметничка алхемија.  Првите години фестивалот имаше голем креативен набој и тогаш екипата на „Колегиум“ имавме лајф перформанси со читање поезија, и музика на отворената сцена на амфитестарот Тумбе кафе пред голем број публика како конзумент на еден нов вид уметност. Во првите години на фестивалот направивме краткометражен филм бурлеска „Во долот на конзулите“ за кој го напишав сценариото, и иако фимот беше аматерски направен беше интересен и оригиналан. Потоа го снимивме филмот „СФРМ“ за потребите на т.н. driving cinema кино на отворено во автомобили на паркингот пред ОУ „Гоце Делчев“. Тоа се случи за прв пат во Битола и голема заинтересираност меѓу младите. Можам да кажам дека овие беа моите почетоци во светот на филмот како медиум.  За овие 7 години низ фестивалот поминаа уметници од Балканот, Индија, Турција, Кина, САД, Ирска, Франција, Чешка. Секоја година фестивалот има различен наслов и порака. Последните години фестивалот се организира и одржува во „Радост“ кафе и уличката пред кафичот, 7  по ред фестивал и наслов „Излези од рамката“.Авантуристички дух

-Сигурно е дека мојот авантуристички, отворен дух ме насочува кон нови идеи, искуства и  експериментирања во сите области на мултимедијално претставување низ  литературно изразување, зачинето со уметност,  музика,  па дури и храна.  Сеќавања  низ слики и записи   од  патувања на кои сум бил најдоа уметнички израз во книги. Патувањето и престој во Кина кај мои пријатели е книгата „Иднина во минатото“ – Слики и спомени од патување во Шенжен-  Кина“ . Книгата преставува колаж од фотографии, поточно едно објективно *(Објектив / Фотоапарат / Маханичко око) видување на амбиентите од Шенжен Кина. Текстови произлегоа и од други мои патувања низ нашата земја Галичник, манастиир Св. Јован Бигорски (Trainsppoting meets Tarkovski in Galichnik). Ги сакам убавините на нашата убава татковина планините и нашите езера.Идни планови…

-Многу ги има. Најпрво на приватен план, од пред еден месец стапив во брачни води, можаби и за мене најтешки и сега почнува еден друг живот со мојата сопруга Сања со која имаме многу заеднички интереси и њубов кон планините. Многу планови за проекти кои еден дел не би ги откривал. Работам на документарен филм  за “Плочите во Битола“ врз основа на податоци од мојот дедо Д.Д Такец во чии книги има ризница на податоци за Битола кои помладите генерации не ги знаат, а треба да ги  запознаат. Моето долгометражно сценарио под работен наслов „Ноќта“за дипломскиот испит кое беше одбрано меѓу 10 најдобри од страна  филмскиот фонд на Македонија и доби финаансии за да биде реализирано. Тоа е една типична битолска приказна со современа содржимна која ќе биде многу интересна…и во фаза на развој во режија на  Иво Трајков  во чија класа ги завршив постдипломскит студии. Повеќе не би откривал.Сигурна сум дека не очекуваат многу нови и оригинални проекти од мојот соговорник кој на толку интересен начин зачинет со хумор, на нему својствен начин, зборуваше  за се. Ова е едно од моите најдолги интервјуа и  голем предизвик за мене, бидејќи сакав да ја доловам личноста низ неговите сеќавања  од најмала возраст и сите негови проекти кои се алхемија на  литература, уметнсот, музика, филм… На крај би кажала Игор Трајковски Фоја со секој  проект „излегува од рамаката“ и никого не остава рамнодушен.

Фото: Сашо Ристевски

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »