Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: митови за родителство во кои веруваме, а би требало да ги заборавиме

-Не го кревај детето в раце ќе се разгали, остави го нека поплаче му се развиваат градите, ќотекот е од рајот излезен, некои се лоши совети, но некои дури се прифатени како факти.

Еве некои од митовите на традиционалното родителство кои ќе се обидеме да ги објасниме.

-Децата сакаат родителска контрола

Децата сакаат правила, граници, лимити и контрола бидејќи така се чувствуваат безбедни. Ова вообичано е прифатено верување или мит. Ние всушност ја оправдуваме нашата контрола врз децата, со верување  дека тоа нив им треба или сакаат.

Запрашајте се себеси: Дали сакате да бидете под контрола? Дали контрола во еден врска (љубовна или пријателска) е добра за секој? Дали ако го контролирате партнерот е добра работа.

-Форсирање на манири прави благодарни дeца (ќе го објасниме низ пример)

Замислете си дека ви донеле  поклон. Нешто што секогаш сте го посакувале. Го отворивте и зјапате во него со возбуда и уште пред да имате шанса да почувствувате благодарност, те прекинуваат  зборовите на родителот “речи фала“! Можеби се уште се воодушевуваш, но повтрорно те потстуваат “и сега речи фала“. Можеби имаш благодарна насмевска на твоето лица и скокнуваш да се прегрнеш, а возбудување и благодарност излегуваат од твоето тебе. Но тоа се уште не е доволно бидејќи автоматските зборови се поважни од природната чувства на благодарнсот. Немој да бидеш некултурен, те молам речи “фала“. Всушност ова претстваува форсирање на манири, но тоа не развива подеднакво природна благодарност.Што води до благодарни деца?

Негување на спонтани чувства, вистински чувства, а НЕ повторување на зборови кои не се почуствувани, кои не се вистински почуствувани. Социјлно прифатливите манири доаѓаат со време низ моделирање. Децата многу брзо се адаптираат да откријат како човечките интеракции функционираат не би требало да ги форсира, е на тоа.

Задолженија/ рутини учат на лична одговорност.

Давајќи им на децата цела листа на задачи кои треба да ги направат дневно, со распоред често со поттикнувачки награди  ни изгледа дека ги учиме на одговорност. Зошто би требало да чувствувате лична одговорност кога некој друг ве тера да го правите тоа. На децата им е потребна рутина, но како и да е, дали може да се примненува кај сите деца. Децата се индивидуи, кои се раѓаат со одредена структура на личност како што се и возрасните.  Некои луѓе се спонтани и одат  од тоа како ќе ги понесе ситуацијата. Некои личности сакаат да знаат што ги очекува. Тоа е во структурата на личноста која ја носиме од раѓање.

Да не им се дозволи да прекинат или охрабрување на посветеност

Ова е многу вообичаено верување посебно за спорт. Луѓето веруваат дека кога детето сака да престане пред да стигне до крајот на терминот, тие мора да го принудуваат за да продолжи за да развијат чувство на  лојалност. (Ако започне да оди на некој курс  без интерес и желба да продолжи, тоа мора да продолжи да посетува и  не смее да се откаже). Како ќе се почувствувате ако некој ве натера да продолжите со некои активности ако немате желба да продолжите.Присилување на споделување ја промовира дарежливоста и добрите манири

Идејата е да ги подучува децата да споделуваат и  ги “присилувате“ нив на споделување. “Дај му ја играчката на другарчето“… Тоа често е вообичаено, но како можат децата да искусат чувства на дарежливост и природна желба на споделување ако  секогаш се присилуваат на тоа. (За споделувањето следи посебен текст во Совети)

Заклучок

Сите овие митови за родителство во основа го имаат стравот. И што ние често правиме кога сме исплашени? Се обидуваме да ја контролираме ситуацијата наместо да настапиме со контролирани решенија на нашите стравови, ние можаме да се фокусираме на конекција, поврзување. Можеш да го контролираш твоето дете само за одредено време, но ако  се фокуисираш на конекција? Па тоа може да трае за цел живот.

Ако форсираш контрола сега, рескираш влијание подоцна“- Lori Petro.

Заборавете ги митовите. Запрашајте се што ви кажале околу децата. Направете целта да биде поврзување, не контрола.