Синоќа оние битолчани, кои како и секој петок, беа “излезени“ во вино бар “Буре“ имаа среќа и можност да ја почуствуваат енергијата на групата “Фрајле“.
Овие четири шарматни музичарки, заедно со групата “Калабалак“, направија забава која ќе се памети и атмосфера која може само да се почуствува.
Девојките од “Фрајле“ како вистински професионалци после одложениот концерт, пристигнаа во Битола, но и после напорното патување, понесени од гостите во “Буре“, приредија вистинско музичко, мини шоу, по кои се и познати.
Тие придружени од групата “Калабалак“ пееја, играа буквално со сите. Непосредни и позитивни во комуникацијата се фотографираа со присутните.
Забата кулминираше кога “фрајлите“ заедно со гостите ја испеаја на цел глас “химната“ на Битола, “Битола мој роден крај“.
Низ галеријата фотографии и видео ви ја доловуваме атмосферата која би требало да е увод за нивниот концерт пред битолската публика сега одложен за 3. април.
Жанета Ристевска






