Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: простување – карактеристика на луѓето со висока емоционала интелегенција

Емоционалната интелигенција започнува со она што се нарекува само-социјална свест, способност да ги препознаете емоциите (и нивното влијание) и кај вас и другите.  

Простувањето  во  религијата има значајно место и вели  „За простувањето да биде вистинско, неминовно е да се случи во нас самите, пред да ги изговориме зборовите “простено ти е“. Во психологијата е карактеристика на емоционално интелегентните луѓе. Емоционалната интелигенција ви помага да сфатите дека простувањето и извинувањето  не секогаш значат дека сте погрешиле. Тоа значи да ја вреднувате вашата врска повеќе од вашето его.

Човек кој е  задоволен со себеси и со светот околу себе, без разлика на тоа колку луѓе ќе сретне и колку овие луѓе ќе го повредат, тој секогаш ќе одговори со љубов, добрина и милост, наместо лутина, омраза и незадоволство.

Нормално, луѓето знаат да бидат злобни и да им прават лоши работи на оние со кои доаѓаат во контакт, на оние кои ги сакаат и се грижат за нив. Меѓутоа исто така луѓето можат да се променат,  заради ова е важно да им се даде втора шанса за да можат да ја покажат таа промена.

Заради тоа луѓето со висока емоционална интелегенција  можат да простат. Тие се дистанцираат од грешки и се прилагодуваат за идниот успех.

Простувањето не значи заборавање, а ние треба да знаеме дека:

-Онаму каде што има гнев, омраза, одмазда, огорченост, таму исто така има и болка.

 -Да се биде “злопамтило” е како да оставате нож во веќе направената рана. Додека другата страна која повредува, најчесто продолжува со животот, ние сеуште се бориме со болката,  која тие ни ја нанеле.Заборавете и простете, не за нив, туку за ваше добро. Зошто да го трошите времето во размислување на нешто што ќе ја исцрпи вашата емоционална, физичка и ментална енергија, игнорирајќи ја убавината околу вас.

Простувањето и заборавањето е најдобрата работа која можете да ја направите за себеси, никој во вашата околина не може да ве осудува земајќи ги во обзир вашите емоции, а вие продолжувате понатаму.

Покрај простувањето, други каракетристики, на високо емоционалните личности се: знаат кога да кажат “извини”,

покажуваат автентичност,

критиките ги гледаат како корисни и

емпатилни се и  сочуствуваат со другите луѓе.

Станувањето успешен бара високо емоционална интелигнеција која ви нуди стабилност за подолг период. Преку овој процес се соочуваме со тешките и токсични луѓе кои се спротавставуваат со вас. 

 

More from СоветиMore posts in Совети »