Нов салон за нега и убавина “Be Beаuty“ се отвори викендов во Битола, со што битолчанки добија уште едно место за разубавување.
Сопственичката, Александра Даскалова, со повеќе од 10 години искуство во козметологијата и многу обуки во оваа област, возбудено не пречека на денот на отворање на салонот и започна:
-Среќна сум и возбудена, така да ќе кажам само дека овој салон е проширување во нов современ простор. Досегашните козметички услуги и третмани со моите досегашни верни клиенти, на помал простор, се прошируваат во нов амбиент со едноставно име „Be Beauty“. Овој простор сакам да биде оаза на релаксација, мир, дискреција за клиентите кога ќе дојдат да се негуваат, да направат третман за лице, масажа или депилација.
„Можеби звучи чудно, но сигурна сум дека многу од женскиот дел ќе се сложат со мене и знаат дека ние жените, не сакаме да не гледаат, пример после третман без шминка, после масажа со несредена коса и сл. вели сопственичката Даскалова и продолжи „затоа најважно за мене ќе биде задоволни клиенти кои ќе се чувствуваат убаво, пријатно и опуштено во овој амбиент“. За тоа што ќе им понуди на пребирливите битолчанки Александра рече:
– Салонот е современо опремен со сите апарати за козметички третмани за нега и убавина. Тоа се повеќе видови третмани за лице од класичен, за длабока хидратизација, лифтинг. Потоа масажи на тело и антицелулитни третмани, депилација на лице, тело и педикир. Сакам клиентите да добијат квалитетни третмани за убаво негувана кожа.
Од “Be Beauty“ велат дека се надеваат дека во новиот простор покрај верните клиенти, ќе дојдат нови за да го почуствуваат пријатниот амбиентот на овој салон за убавина кој се наоѓа на улица “2 Август“ бр. 4, а за информации и закажување на телефонскиот број 076/619-222.
Жанета Ристевска
[ngg src=”galleries” ids=”519″ exclusions=”5669″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”pid”]






