ЈП “Пазари “ Битола преку соопштение до медиумите демантира дека градскиот пазар се затвора, наспроти веста која вчера беше пласирана, за што е побарано СВР Битола да го открие сторителот.
Во соопштението на ЈП “Пазари“ се вели:
-Почитувани граѓани, лажна вест е дека Битолскиот пазар се затвора. Злоупотребен е знакот на Општина Битола, за да се изнесе невистина која не е пласирана ниту од ЈП “Пазари“, ниту од ЈП “Комуналец“. Битолскиот пазар деновиве активно се дезинфицира, во насока на препораките за заштита од корона вирусот, како за продавачите, така и за граѓаните. Битолскиот пазар редовно продолжува со работа, а за откривање на сторителите на оваа лажна вест, веќе побаравме да биде откриен сторителот од страна на СВР Битола
Јавното претпријатие исто така информира дека продолжува да ги презема сите мерки за заштита од коронавирусот. Комплетно миење на градкиот пазар како и реонскиот пазар во Нова Битола.