Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: какви ќе бидеме откако кризата ќе помине?

Живееме во „нова реалност“ карантин, изолација и социјална дистанца. Човекот е социјално битие и долготрајниот каратантин, полициски час со ограничување на слободата предизвикуваат стрес.  Сето ова е едно искушение за човекот и неговата психа.  Се поставуваат прашања: како да се носиме со сето ова, колку изолацијата ќе остави трага врз нашето психичко здравје, какви ќе излеземе од кризата?  

Но луѓето различно ја поднесуваат оваа ситуација  и справуваат со стресот. Тоа зависи од повеќе фактори меѓу кои: возраст, индивидуални особини на личноста, припадност на одредена култура, степен на верување во идеја (во оваа ситуација  исправноста на донесените мерки), врз основа на коментарите на социјалните мрежи.Возраст

Возраста како важен фактор за доживување на стрес каде на психиолошки план  доаѓа до инверзија на досегашната реалност.

Старите лица на здравствен план и пред пандемијата беа најзаграозени, а со короната и најповеќе. На психолошко ниво може да се каже дека тие и најлесно излегуваат на крај со кризните мерки, заради своето животно искуство кое го стекнале поминувајќи и справувајќи се со искушенија и тешкотии во својот живот. Заради тоа и тие најчесто не ги почитуваат мерките, ги прекршуваат. Тие не се плашат и не ја земаат сериозноста на ситуацијата. Кризната ситуација и карантинот за нив е тешка во смисла што  се чувствуваат осамени  што не ги посетуваат нивните најблиски (синови, ќерки, внуци или роднини). На психолошки план најголема  тежина ќе почуствуваат  оние кои живеат сами и се немоќни.

Од друга страна младите на здравствен план во најдобра положба, но и најголема жртва од кризните мерки: делиумно заради неискуство, но и претходниот живот исполнет со богат социјален живот, дружење, обврски поврзани со училиште, факултет, работа.  Живот со најповеќе планови кои сега мора да  чекаат. Но нивната поврзаност и комуникација на социјални мрежи ќе им помогнат да ги поминат овие денови полесно.

Под најголем стрес се луѓето од средна возраст особено оние кои имат помали деца и постари родители. Тие мора да се грижат за тоа и нивните деца и родители што подобро да ги поминат кризните денови. Тука и финансиската страна. Но, тие личности се психофизички најдобро подготвени,  така може и подобро да се справат со предизвиците и добро да ја поминат кризата.Екстровертни и интровертни личности 

Еден од факторите за тоа како ќе реагира личноста во новонастанатите услови се однесува   на психолошката димензија интроверзија- екстроверзија кога може да се види и во интересена обратна ситуација на претходната „нормалност“. Екстроверните личности  се насочени кон надворешната средина, сакаат дружење и социјални контакти, така ги „полнат своите батерии“.

Во претходниот живот кој го водевме скоро до пред неколку недели, екстровретните личности подобро „проаѓаа“ од интровертните, бидејќи тие знаат подобро и погласно да се изборат за свие интереси. Интровертните се свртени кон својата внатрешност на мисли, идеи, и тука ја црпат својата енергија.  Сега кога ситуацијата е променета со воведување на мерките некои од интровертите ниту почуствуваа дека животот се сменил, бидејќи и повеќе од нив овие промени ги прифатија без проблеми бидејќи тие на  големи социјални дружања се чувствѕуваат како „аутсајдери. Но сега нема вакви собирања и надворешниот свет наликува на внатрешниот свет на интровертните. Додека екстровертните мораат да се навикнуваат на новата реалност и да пронајдат начини и техники за да се прилагодат на тој „нов свет“ кој не се вклопува во нивнииот дотогашен психолошки  свет каде ја црпеа својата енергија. Заради ова можеби  тие да чуствуваат  и поголем стрес.Припадност на одредена култура

Во соочување  со изолацијата улога играат и оние особини и обрасци на однесување кои се предиспонирани  со припадност на одредена култура, општество.  Тоа се гледа што различни култури различно се однесуваат во овие кризни ситуации. Различни култури различно ги почитуваат мерки и правилата на однсување во карантин. Различно се однесуваат кон кризната ситуација во однос на снабдување со основни артикли   купуваат различни артикли. (На  Балканот се купуваше  брашно, масло, тоалет, во САД оружје, во Холандија марихуана). Верување во идеја

Значаен фактор кој влијае на начинот на доживување и носење со кризните мерки е степенот на увереност во исправноста на тие мерки. Секако полесно ќе се прилагодат оние кои сметаат дека мерките на Владата се рационални и исправни, а не оние кои сметаат дека се крајно ригорозни, не ги оправдуваат  и ја спречуваат слободата на секој поединаец и.т.н.

Степенот на уврееност и исправност во сопствените идеи во затвор и изолација игра значајна улога во не(мирно) прифаќање на изолацијата. Примери за ово имаме низ историјата на политички затвореници кои робијале заради свои идеи, останале уверени во нив издржале и многу години затвор и долготрајни самица како најстрог начин на казна. (Нелсон Мендела 40 години затвор)

Ако секој прочита како многу  историски личности кои заради верување во идеја издржале  најтешки казни,  тогаш и сегашната  изолација полесно ќе ја поминува.Врз основа на коментарите на социјалните мрежи

Психолошко спознавање е дека луѓето во трауматични ситуации која го менува нивниот живот обично реагират во пет хронолошки фази: 

– одбивање (нема вистинска реална опасност од корона тоа е обичен грип)

лутина (зошто ова ни се случува..разни теории на заговор, а само што добро ми тргна оваа 2020 …

-„ценкање“ (дали има или нема вистинска реална опасност од заразата),

– депресија (загрижаност, тага, песимизам дека лошо ќе заврши)и

– прифаќање (прилагодување на новонастаната  ситуација)

Врз основа на коментарите на социјалните мрежи луѓето се соочуваат со оваа трауматична вирусна ситуација помеѓу порекнување  и  лутина која им отежнува со поднесувањето на кризните мерки. Рационално објаснување и прилагодување на ситуацијата ќе помогне во справување со стресот за го зачуваме психичкото здравје. 

Најзагрозени во ова ќе бидат  личностите кои имаат проблеми со анксиозност, панични напади и нив ќе им биде потребна и психолошка поддршка.

Откако ќе помине кризната ситуација луѓето ќе се вратат кон старите обрасци на однесување, бидејќи тоа е во човековата природа. Но деновите на изолација  преиспитувањето на себеси ќе доведе до самоспознавање кои сме, какви сме, кои се нашите силни страни, увереност дека ќе издржиме, справување со страв, анксиозност. Ќе согледаме кои ни се вистински пријатели. Кон кои нови вредности да се свртиме, дека многу малку ни е потребно за да бидеме среќни и дека најважно е да бидеме емпатични со луѓето оклу нас. Психичкото и физичкото  здравје најважно.

 

 

More from СоветиMore posts in Совети »