Press "Enter" to skip to content

Д-р Лилјана Ристевска, претседател на општинската организацијата на Црвен Крст: одговорноста кон граѓаните, Црвен крст и волонтерите во оваа вонредна состојба беше голема

Автор  Жанета Ристевска

Во време на вонредна состојба Општинската организацијата на  Црвениот крст од Битола и волонтерите со своите хуманитарни акции и активности  беа во првите редови заедно со здравствените работници, полицијата, војската и други херои на денешницата. Тие се херои со одговорноста која ја понесоа во кризната состојба и полициски час со  неопходна хуманитарна помош  за оние на кои им беше најпотребна. Тоа се огледа низ нивната секојдневна работа  и  помагање на лица од  возрасната ризична група, немоќни, болни, лица со посебни потреби, инвалидидет, лица заболени од канцер во услови на карантин. Досега, во овој  период на вонредна состојба, беа поделени над  650 хуминатирни пакети, им беа доставени лекови и се она што им беше најпотребно. Со својата хуманитарна дејност Општинската организација на Црвениот крст Битола  годишно спроведува  многу хуманитарни активности и настани и тоа:  крводарителски акции, медицинско обезбедување на настани, вдомување на бездомници…

Претседателката на  Општинската организацијата на Црвениот крст – Битола, д-р Лилјана Ристевска, зборува за предизвикот да се биде на чело на оваа општинска органозација, која на 17 март славеше годишнина, но во вонредни услови спроведувајќи активности на терен секојдневно.Лилјана Ристевска професионално е лекар-стоматолог, со 28 годишна приватна пракса. На местото  претседател на Организацијата на Црвениот крст е назначена јули 2017 година, а претходно била во раководниот одбор. Таа е член на Лајонс клуб “Хераклеа“ Битола. Во овие услови таа  ја покажа својата храброст, солидарност, хуманост и одлучност во донесување на одлуки. Како што и кажа:

-Не е лесно да се донесуваат големи одлуки како претседател, но тука беа секретарот потоа стручната служба, волонтерите кои ги спроведуваат овие одлуки и засега функционираме беспрекорно, како одлична екипа, а потоа додаде:

-Јас не сум оратор, сум теренец, планирам и реализирам акции заедно со волентерите, а не сум толку речита и за зборување… но за справување со вонредната  ситуација, всушност тоа и беше најпотребно, не треба зборови, туку дела.Предизвикот  голем, заради нованастаната ситуација со пандемијата од коронавирус и кризната ситуација која за прв пат се воведе на територијата на нашата земја.  Кажете лично и професионално како го доживеавте овој период на кризна состојба?

Предизвикот да се биде прв меѓу еднаквите, односно еднаква меѓу сите наши волонтерите на Црвениот крст беше голем, а  одговорноста преголема. Моја најголема одговорност беше најпрво кон организацијата на Црвениот крст, потоа кон нашите волонтерите и кон граѓаните. Најважна задача од почетокот на кризата беше заштитата на нашите волонтери за најбезбедно да ги извршуваат задачите на терен. Заради тоа  се екипиравме и ги спроведовме сите препораки и мерки за превенција и заштита донесени од Светската здравствена организација и Министерството за здравство. Тоа и беше главната цел, така требаше за  најбезбедно да се извршуваат и спроведуваат акциите за помагање и  грижата на граѓаните и сите лица на кои им беше потребна помош. Тоа беа лица  од ризичната група возрасни граѓани, болни од канцер, инвалидитет, лица со посебни потреби… Тука ќе кажам, не беше лесен предизвикот, а одговорноста моја како претседател и како граѓанин многу голема.Како беше организирана Општинската организацијата на Црвениот крст  – Битола во овие услови?

Овој месец и пол од како почна кризата заради големата наша ангажираност на терен и не ни  знам како брзо ми помина времето.  Секојдневно се соочувавме со нова ситуација која за прв пат се случува, требаше да се донесуваат разумни одлуки, да се реагира брзо.  Без добро екипирање и организација не ќе можавме да се справиме со предизвикот и ситуацијата со која сите за прв пат се соочивме. Голема улога во справување со ситуацијата на терен имаше тимот за одговор на катастрофи. Имено, уште со моето назначување за претседател во 2017 со моето дотогашно искуство во раководниот одбор на Црвениот крст на  моја иницијатива беше формиран тим кој одговара при катастрофи земјотреси, поплави, тука спаѓаа и  спасувачки  екипи со лиценцирани спасители на вода (кои се законска обврска на концесионерите плажите на езера и базени).Тим за одговор при катастрофи, кажете ни ја неговата улога во оваа кризна ситуација.

Сметам дека со негово  навремено формирање  успеавме во овие услови на кризна ситуација да се справиме на успешен начин. Уште со започнување на кризата со ковид-19 и панденијата и донесените мерки за превенција тимот за одговор на катастрофи  се собра и одржа состанок 13 март 2020 година, а  започна со активности на 16 март. Тимот брои 20 волонтери, кои се поделени во 4-5 групи кои работеа секој ден и викенди, за велигденските празници од 8- 16 часот. Често тоа работно време, не беше регуларно, туку обично завршувавме и после 18 часот, особено ако се одеше на терен во руралните средини, секако откако ги добивме сите дозволи од МВР за движење за време коа тоа е ограничено. Повторно ќе кажам дека без добра екипираност на овој тим, не ќе можевме успешно да ги  спроведуваме нашите хуманитарни акции.Кажете повеќе за вашите хуманитарни акции кои ги презедовте за овој период на кризна ситуација, во  броеви  колку пакети и суми на донации?

-Беа поделени над 650 хуманитарни пакети, на дневно ниво беа опслужени   околу 7-10 корисници однсоно оклоу 500-600 луѓе кои за време на полициски час не можеа да излегуваат, под медицински надзор, во самоизолација, лица на кои им беше неопходна помош. Тимот за одговор при  катастрофи со 20 волонтери во 4 тимови, а понекогаш се приклучуваше и  5 тим. Секој тим се состои од  5 волонтери кои поминале едукација кои мора да ја знаат својата одговорност кон граѓаните, како се носи  црвениот  крст, како да се заштитат. Донации во пари, во износ од 100.000 денари беа доделени од  Општина Битола и тоа 50.000 од градоначалничката Наташа Петровска и другиот дел Советот на општина Битола, со кои се направија  200 хуманитарни пакети. Потоа  20.000 денари од  Здружение на пензионери кое беше наменето  за гориво за нашите две теренски возила.  Остатокот од  донациите беа во  храна и хигиенски средства. Мора да ги споменеме и семесјтвото Божиновски и компанијата “Божиновски“ кои ни ги понудија возилата, СН Финансии, јавните претријатија од Битола, “БиМилк“ кој донира млеко и сокови, а од поединците Благојче Китевски кој донираше маски. Ние за брзо време ќе ги соопштиме сите кои донираа, како знак на благодарност, од нас и од битолчани, а ги има повеќе.Колку вкупно  волонтери беа приклучани во справување со кризната ситуација бидејќи се зборуваше за  број и прилив од 200, 300 и повеќе волонтери?

-Таа бројка се појави и еден период имаше пријавени многу лица, но тука ќе кажам дека може да има само желба, но потоа е потребно активно вклучување на секој кој сака да биде волонтер. Волонтерската работа не е лесна и не е само на терен во разнесување на хуманитарна помош и пакети, туку има  и физичка работа, (производите треба да се купат , спакуваат, креаваат)  Во кризната состојба со строго спроведените мерки на хигиена 2 часа и 2 пати во денот беа потребни секој ден да се  дезинфекцираат сите простории и цел објект на Црвениот крст.  Затоа тука ќе кажам дека  вклучени активно во овој период беа  90-100 волонтери.Денот на Црвениот крст 17 март и  кризна состојба, го одбележавте  работно  немаше прослава заради мерките прослава. Оваа година  со вашите активности на терен всушност придонесивте  да се слушне многу повеќе за Организацијата на црвениот крст и неговата улога во локалната средина. Кажете ни повеќе околу ова.

-17 Март е Денот на Црвениот крст и денот на крводарителита на Општинската оргазнизација на Битола и на Организацијата на Црвениот крст на РС Македонија. Секоја година се одржува централен настан  во Скопје со прослава, оваа година требаше да настапиме со музички перформанс “Приказна за една идеја“ кој беше изведен од нашите волонтери минатата година на плоштадот “Магнолија“. Но, заради целата состајба на криза во државата, се одложи. Но, ние како и секоја година на 16 март спроведуваме голема крводарителска акција која и оваа година се спроведе и на неа имаше 90 крводарители што сметам дека е многу успешна. Секоја година се зголемува бројот на крводарители. Досега во изминатата годината се организирани 75 крводарителски акции со 2.830 единици крв. Тука да истакнам дека во текот на  овој период на кризна ситуација постојано сме во контакт со “он-лајн“ комуникација и Работниот одбор на Организацијата на Црвен крст на РС Македонија чиј член сум.

Функцијата на Организацијата на Црвениот крст и неговата улога во локалната средина. Кажете ни повеќе за вашите активности  и колку волонтери членуваат?

-Раководниот одбор на Општинската Организацијата на Црвениот крст е орган кои ги донесува одлуките, а  кои ги спроведува стручната служба и секретарот. Црвениот крст има само двајца вработени, а другите се  волонтери. Во организацијата на Црвениот крст се зголемува бројот на волонтери и сега има 630 членови, но активни волонтери се 90-95 преку целата година. Во текот на годината организираме голем број активности, хуманитарни  акции и настани на месечно ниво. Организираме, како реков, крводарителски акции кои во текот на годината беа 75 со вкупно 2.830 единици крв. Потоа организиравме Државен натпревар по прва помош на 21 и 22. септември 2019. Во месеците април, мај, октомври и декември 2019 организиравме симулациони вежби во СОУ “Јане Сандански, “Јосип Броз Тито“, “Јован Калаузи“ и во Струмица. Исто така медицински обезбедуваме повеќе настани и тоа во месец јуни “Даунхил“ трката, во август за Илинден Слава на манастирот “Св. Илија“ во с. Крклино, и манифестацијата “Бела ноќ“. На  планината Крчин имавме акција кога  обезбедуваме над 600 планинари. Во септември трката “Крали Марко“ во Прилеп. На  Меѓународен план   збратимен сме со организацијата на Црвен Крст од градот Шумен, Бугарија. Со нив имаме добра соработка и овие денови требаше да има  голема симулациона вежба за прочистување вода на која ќе учествуваа и организации на Црвен крст од Србијз, Турција и Романија, но заради пандемијата се одложи.  

Помагање и згрижување на бездомни лица

-Уште од 2017 година вклучени сме преку Општина Битола за згрижување на бездомни лица. Преку  проектот СИД за социјално претприемништво ги вклучуваме во  живот на заедницата, со акција пакување на мали пакувања шеќер и продажаба за самите да си обезбедата средства за живот. Две бездомни лица уште на почетокот на кризната ситуација ги вдомивме во хотел “Битола“. Семејството со 6 месечното бебе, пронајдено во нашите контејнери, беше згрижено кај нас неколку месеци и сега и тоа е згрижено, а бебето сега има 11 месеци и задоволни сме што им помогнавме на тоа семејство.  

Како ќе продолжи Општинкста организација на црвениот крст понатаму?

-Како ќе биде понатаму ќе зависи  од препораките кои ќе следат после завршување на кризната ситуација. Не очекуваат активности кои ни се планирани на месечно ниво кои ги спроведуваме, а претходно ги набројав. Постојано сме во комуникација  со Раководниот одбор на организацијата на Црвениот крст на РС Македонија за понатамошни акции.  Нашиот работен одбор ќе продолжи со спроведување на хуманитарни акции таму каде се најпотребни и по завршувањето на кризната ситуација и вонредните мерки.

Фото: С. Ристевски

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »