Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: менталното здравје после корона вирусот

Неизвесноста и стравот кој го носи со себе е повторно пред нас како и на почетокот на корона кризата. Сега ќе се соочиме со последиците од кои ги остави на нас. Од тука и многу прашања, како влиајеше врз нашата одговорност лична, општествена, професионална, дали станавме поодговорни?

Што е со нашето ментално здравје и на сите оние кои заради пандемијата останаа без работа, лицата од возрасната група граѓани, учениците на кои им недостасува училиштето, матурантите, нивните родители, лицата кои доживуваа семејно насилство?

Тука се и сите оние кои веројатно почесто ги преплавува стравот и неизвесноста  од иднината која се чини многу несигурна, за некои и бесперспективна бидејќи не се гледа светло на крајот од тунелот.

Одговорност

Мораме да си признаеме дака ни во подобрите времиња пред пандемија не не  красеше одговорност. Ниту лична, ни општествена а понекогаш ни  професионална. Пандемијата ни се случи  како „гром од ведро небо“ и такви какви што бевме пред кризната состојба  често неодговорни, површни, лицемерни, завидливи. Не се почитувавме, ни меѓусебно, ниту слободата, здарвјето, своето работно место…или со еден збор вистинските вредности.заради тоа и на почетокот неодговорно ја прифативме опасноста од корона вирусот. Сите сметавме дека нема да стигне до кај нас. Но не беше така, не не одмина.Лична одговорност

 Стравот се вовлече меѓу луѓето, и после почетното  минимализирање на опасноста, сите  станавме посериозни во однос на опасноста. Со пропишаните мерки на Владата кои беа многу рестриктивни, но во рамки на професионалната одговорнсот на епидемиолопзите. Мерките се однесуваа на секој поединечно. Секој  одговорен за сопственото однесување со кое може да се заштити или пак да се загрози не само себе туку и здравјето, а можеби и животот со оние со кои доаѓа во контакт.

Но, сигурно е едно дека оние кои беа неодговорни станаа поодговорни. Дали заради стравот или пробудената одговорност. Кризата можеби делуваше и да станеме поодговорни кон своето здрвје, да ја почитуваме слободата, здравиот начин на живот, нашето работно место, другите луѓе.

Стравот од неизвеснот и менталното здравје

Светската здравствена организација менталното здравје го дефинира како благосостојба кога поединецот ги остварува своите потенцијали, може да се носи со нормалните стресови, да работи продуктивно и плодоносно да приднесува во  својата заедница.Влијание на цртите и структурата на личноста

Можеме да заклучиме дека во овие прилики многу личности и ќе кажат дека  добро се снаоѓаат, се занимаваат со она во што уживаат, што ги опушта и среќни што непланирано имаат доволно време за себе и за други активнсти. Оние на кои он лајн комуникациите и живот им одговараат повеќе.

Но постојат личности кои се  незадоволни, несреќни, анксиозни и многу тешко ја поднесуваат изолацијата и бројните рестриктивни мерки.

Психолошка подршка на различни пунктови и телефони постои за оние кои ја побараа и тоа добро функционира за време на кризната состојба.

Но тука ќе го поставиме прашањето „Што е лицата и  оние кои од различни причини не ја побараа таа помош, а на кои им е потребна? Проблемот ќе биде тука и во иднина. 

Посебен проблем семејствата каде има насилство

Колку деца во овие дена на изолација беше изложено на  сцени на физичко и психилошко малтретирање. Дали овде општествената одговорност затаи.Учениците и училиштето

Во овие услови се спроведе учење на далечина 9 (он лајн) како најдобра опција. Но, со долгиот период на учениците им недостасува училиштето, наставниците, дружењето со пријателите, комуникацијата во училиште.  Колку децата се престрашени, несигурни, со страв, дали им е дадена адекватна помош, али родителите ги разбираат нивните чувства, дали предолгиот период носи неизвесност кај сите.

Матурантите се соочуваат со друга неизвсеност откако беше укината полагањето на матура, но што е со заедничките матурски прослави, мигови со своите соученици од училишните клупи. Прослави за разделба со средношколските денови, по кои беше познат месец мај.

Лицата од возрасната група кои  подолго живеат во изолација и не можат да ги видат своите внуци, деца, пријатели, да ги прегрнат. Тоа нив им недостасува. Старите лица особено оние од страските домови кои не смеат да се дружат заради ширење од заразата Тие подолги време живеат во изолација. Како тие стари лица ја поднесуваат осаменоста во потполна изолација, дали страда и нивното физичко здравје заради незадоволување на основните психолошки потребо, дали нив им е понуден психолошка помош?Што е со менталнот здравје на сите оние кои заради пандемијата од различни причини останаа без работа? Дали кога ќе почнат да работат ќе преживеат од таа работа? Тука се и сите оние кои веројатно почесто ги преплавува стравот од иднината која се чини многу несигурна, за некои и бесперспективна бидејќи не се гледа светло на крајот од тунелот.

Зборувањето дека само да преживееме и се ќе помине дали ќе ни помогне во оваа ситуација. Дали одговорноста која можеби сега ни е на повисоко ниво ќе не натера да бидеме и подобри луѓе. Вистински со емпатија кон другите со вистинско соживување за нивните чувства и ситуација во која се наоѓаат и алтруиам да им се помогне. Дали ќе го почитуваме своето работно место повеќе? Дали ќе се почитуваме повеќе измеѓу себе?

Социјалната дистанца и неможност за допири, поздравување, прегратки, на кои бевме навикнати и како култура во нашето однесување кон другите луѓе. Кога ќе заврши изолацијата да ги почитуваме прегратките со другите.

Да се соочиме со нашите чувства на страв и да се погрижиме за нашето и ментално здравје на сите околу нас.

Не би требало западнеме во замката дека единствената  опасност и закана е корона вирусот.

More from СоветиMore posts in Совети »