Press "Enter" to skip to content

Битолскиот спорт во корона: Пеце Стојчевски-ФК Пелистер, остануваме на тоа идната сезона да бидеме прволигаши

Кога се застана поради коронавирус, меѓу првите кои беа “затворени“ беа спортските терени, а со тоа прекината сите спорстки активности. Како битолските спортови го поминуваат времето со коронавирус и како понатаму низ гледиштето на спортистите и спортските работници.

И фудбалерите се во домашна изолација повеќе од два месеци, нема натпревари, нема тренинзи, а до петок фудбалската федерација треба да се изјасни за судбината на оваа сезона. За тоа како фудбалерите се снаоѓаат во оваа пауза за време на коронавирус, сопственикот на ФК Пелистер, Пеце Стојчевски вели:

-Ќе се вратам малку пред кризата кога на две прес-конференции го најавивме враќањето во Првата лига и прославата на големиот јубилеј за фудбалскиот клуб Пелистер, 75 години од основањето. Но, по таа прес-конференција се се прекина. По натпреварот против Влазерими, требаше да се одигра против Кадино и Гостивар од регуларниот дел и да започне последната фаза од сезоната по Бергеровиот систем. Се беше прекинато од страна на Федерацијата по препораките и забраните на Владата, а со тие мерки не можевме да го прославиме ниту јубилејот, кој опфаќаше свечена академија, изложба, видео спот, крводарителска акција, отворен ден на стадион за основците од повеќе училишта. Останува јубилејот да се прослави кога ќе создадат услови за тоа, а ние се надеваме тоа да биде и со прволигашката промоција.

Како стручниот штаб и фудбалерите го поминуваат времето во изолација Стојчевски вели:

-Стручниот штаб и фудбалерите се во секојдневен контакт и секој тренира самостојно. Самостојно и ќе продолжат бидејќи здравствената комисија не даде зелоно светло за екипните спортови. Сите фудбалери се во Битола, вклучувајќи го и Колумбиецот Борка Кордоба и со нетпрение ја очекуваме одлуката на ФФМ која до петок треба да се изјасни како и дали ќе продолжи сезоната 2019/20.

Стојчевски за можните сценарија вели:

-Предлог има да се доигра сезоната во летниот период или да се прекина сезоната. Прекинот на сеозоната ќе треба да има две решенија, да се прогласат шампиони во Првата и Втората лига исток и запад, нивни пласман во Прва лига, или пак да се прекине сезоната да нема прогласување. Потоа неизвесно ќе биде дали ќе има нови прволигаши, кои ќе бидат, дали ќе има испаѓање од лигите, дали ќе има проширување на лигите и други дилеми. Останува да ја почекаме одлуката на ФФМ и потоа да даваме свои коментари и забелешки.

За плановите на ФК Пелистер кои следат Стојчевски е без конкретен одговор:

– Ние како клуб сакаме само идната сезона да бидеме прволигаши. Кога имаше услови за игра бевме на таа патека и сме први на табелата. Би било неправедно да бидеме уште една сезона во Втора лига. Ние разговараме се секое можно идно решение. Но, не можеме без да ја знаеме одлуката на ФФМ.  Сите опции се отворени, по одлуката на ФФМ ќе имаме состанок на кој ќе видиме како понатаму, дали ќе се подготвуваме за летна завршница по жешко време или пак ќе започнеме со реализација на прволигашните планови, нови засилувања, средување на стадионот, план за подготовки и се она што ќе се бара од нас како прволигаши.

More from СпортMore posts in Спорт »