Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: децата и корона кризата

Конкретната ситуација во која се наоѓаме не може да се споредува со регуларното секојдневие пред пандемијата. Стручњаците низ цел свет во период на корона криза предупредуваат дека е сосема во ред да се чувствувате фрустрирано заради тешкотии при  дисцплинирање на децата во овие услови.

Можеби ова беше една од  причината зошто  родителите  можеби понекогаш им прогледуваа низ прсти на своите деца во однос на тоа:

-воспоставување на рутина и структура во однос на станување наутро, одење во кревет навечер,

-исполнување на училишните обврските : учење, пишување на домашни задачи, презентации за далечинско учење.

-времето поминато пред екрани во однос  на  користење на технологијата, електронските уреди за комуникација со нивните врсници.Заради вонредна ситуација (која се уште трае, но со намалени мерки) физичко дистанцирање, вистинската изолација во која се наоѓаме комуницирањето преку елекронските уреди беше од голема помош за сите. Децата така беа поврзани и со училиштето, наставниците, а и врсниците. Се поставуваат прашањата, во која мера беше  зголемен ризикот за здравјето на децата кои со недели не одеа во училиште, колку им недостигаше училиштето и нивните пријатели?

Од една страна комуникацијата по електонски пат, им беше и потребно на децата на кои им недостасуваше училитето и социјалните контакти со наставниците, врсниците.

Но тоа  може да отиде во друга крајност да децата ја немаат, или изгубат структурата и рутината која е потребна за да ги заштити од новонастанатата ситуација. Исто така не може да ја замени вистинската комуникација која сега треба да биде со почитување на мерки на претпазливост. За истата потребно е родителите да им зборуваат на помалите деца.

Не би требало да се изгуби структурата. На децата им недостасува рутина и структура која ја сакаат и им е потребна, нарочито во помалите одделенија на основно обтазование.

Потребно е да се направи договор со децата за времето кое ќе го поминуваат пред екраните во играње на игри, забава и опуштање, а не во учење и пратење на он лајн настава, за да не дојде до преголема изложеност на електронски уреди.

При тоа децата преку социјалните мрежи беа и сеуште се  изложени на различни содржини за закана од корона вирус, со вознемирувачки содржини и слики, текстови за теории на заговор со кие се преплавени социјалните медиум како и други содржини кои за нив се потенцијлно опасни. Се, во смисла на зголемување на стравот.Развивајте го критичкото мислење кај децата

Затоа важно е да се разговара со децата за критичкото размотрување на текстовите кои ќе ги прочитаат на интернет. Тоа секако може да им биде од голема корист, не само сега во овој период туку и при нивното одрастување.  

Развивањето на критичко размислување ги поттикнуваме децата да бидат:

-помалку пасивни,

-но повеќе толерантни и емпатични при конзумирањето на он лајн содржини. Децата со развиено критичко размислување подоцна  во животот,

-полесно ќе ги разбираат прочитаните текстови,

-ќе донесуваат одлуки кои за нив ќе имаат повеќе позитивен исход.

Тие ќе бидат понезависни –заради што полесно ќе се изборат за себе и своето мислење, ставови, а при тоа ќе ја почитуваат автономијата на другите личности.Истражувања за новата родителска реалност

Не им викајте на децата. Никогаш!

Ни во оваа ситуација, кога се чувствувате фрустрирани заради други проблеми (несигурна економсла ситуација после пандемијата..) ни сега, а и инаку не е прифатливо физички да се казнуваат ниту навредуваат децата. За новата родителска реалност веќе се спроведуваат научни истражувања и добиени се некои резултати вели психологот Gordana Buljan Flander. Така на пример истражување на универзитетот во Мичиген на примерок од 562 родители покажале како половина од родителите се изјасниле дека самоизолацијата и финансиските грижи ги спречуваат во грижата за децата и родителство:

-61%од родителите им викале или го подигнале гласот на своето дете барем еднаш откако биле наметнати мерките на самоизолација;

-им удриле шамар или по задникот, 11% тоа го направиле повеќе од еднаш.

Поранешни истражувања говорат во прилог на тоа дека физичкото казнување и подигнување на гласот не го променуваат значајно однесувањето на децата и младите, туку напротив можат да доведат до погоршување на однесувањето за детео кое е казнето. Наместо дополнително да се прави ситуацијата потешка и со примена на физилка казна или друг вид на непримерено казнување, да се внимава и донесе одлука дака никогаш нема да се подигне глас или рака на детето.