Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: да дојдеме до некои вистини сега преку најинтересните експерименти во психологијата од 20 век

Зошто се приклучуваме кон мислењето на другите луѓе? Зошто подлегнуваме  под притисокот на авторитети против своите морални начела? Дали стравот е вроден? За да ги откријат скриените аспекти на човековата природа спроведени се многу интересни, фантастични, но и сурови и шокантни експерименти.  Некои од најпознатите психолошки експерименти од изминатиот век откриваат универзални и честопати зачудувачки вистини за човековата природа. Ќе прикажеме дел од  експериментите во психологијата на 20 век меѓу кои интересни, контраверзни, шокантни и сурови.

Кои ќе ве натераат да се запрашате како вие во тие ситуации ќе се однесувате. Што мислите? Ќе се однесувате ли поинаку од оние на кои им бил зададен експериментот?

“Стенфордскиот затворски експеримент“, спроведен во 1971 година

Бил дел од проучувањето за тоа како влијае доделената улога врз психата на човекот и соживувањето на човекот со улогата. Експериментот бил извршен во универзитетот Стенфорд од страна на истражувачи предводени од страна на професорот по психологија, Филип Зимбардо. Експериментот бил финансиран од страна на американската морнарица Филип Зимбардо, млад професор по психологија од Универзитетот „Стенфорд“, во 1971 година спроведе експеримент во кој изгради лажен затвор за потребите на експериментот во подрумот на зградата на катедра за психологија на Универзитетот Стенфорд.Тек на екпериментот: Во експериментот биле ставени 24 лица на помлада возраст (без криминално досие и во здрава психичка состојба. Тие биле поделени да глумат две улоги –затвореници и стражари. и требало определен период да престојуваат во подрумските простории на универзитетот кои биле преуредени во божемен затвор. Запрепастувачки за истражувачите, испитаниците толку многу се соживеале со улогите, што „стражарите“ наметнале авторитарен режим, па дури подложиле и некои од затворениците на психичка тортура. Повеќето од „затворениците“ се помириле со овие услови, па дури по барање на „стражарите“ малтретирале други „затвореници“.Во текот на експериментот  студентите се прилагодиле во нивната улога толку добро што дошло до психолошка тортура. Експериментот се одразил и на самиот Зимбардо, кој во улога на надзорник дозволил експериментот да продолжи и покрај суровото однесување.

Овој експеримет, кој бил планиран да трае две седмици, принудно бил прекинат по само 6 дена заради насилничкото и агресивно однесување на „стражарите“, кое ескалирало до тој степен што во некои случаи предизвикало психолошка тортура, екстремен емоционален стрес и анксиозност, манифестирани кај „затворениците “. Резултатите покажале дека ситуацијата и улогата која и е доделена на личноста имаат поголемо влијание врз тоа како ќе се однесува, отколку нејзиниот личен карактер. Човекот е агресивно суштество по природа, до толку што заборава на било какви морални ограничувања. Кое е вашето мислење?

Овој експеримент се смета за еден од најконтраверзни, неетички психолошки експерименти на сите времиња. Иако експертите веќе одамна ја доведуваат работата на Зимбардо под знак прашалник, тие не успеаја да ја намалат популарноста на неговата приказна. Привлечноста што експериментот ја има за јавноста се чини поважна од нејзината научна веродостојност, можеби затоа што ни ја пренесува приказната за нас, во која очајнички сакаме да поверуваме дека ние како индивидуи, всушност не можеме да бидеме одговорни за ужасните нешта што некогаш ги правиме.  Но овој експеримент го направил психологот Зимбардо еден од најпознатите психолози во САД. Зимбардо минал голем дел од последните 50 години одговарајќи на прашања за најмрачните шест дена од неговиот живот, со што на некој начин и самиот станал заробеник на успехот на тој експеримент.

 “Милграмовиот експеримент“

Ние сме многу сугестивни суштества и лесно можеме да подпаднеме под влијание на личноста која има поголем авторитет од нас. Се смета дека луѓето  примаат инструкции од авторитети уште рано во животот, така се однесуваат и понатаму. Експеримент спроведен во 1961 година од психологот Стенли Милграм од Јеил Универзитетот ја мерел желбата на луѓето да почитуваат авторитет давајќи им инструкции на луѓето да извршуваат работи кои се косат со нивниот морал.Тек на експериментот:  оние кои учствувале во елспериментот биле поделени на две групи: учители и ученици. На учесниците „учители“им било кажано дека  треба да спроведуваат електрични шокови кај „учениците“ кои наводно биле во другата соба, секој пат кога ќе одговореле погрешно на одредено прашање.. Во реалноста, никој не бил погоден со електрични шокови. Наместо тоа, Милграм пуштал снимени звуци за да изгледа дека учениците страдаат од голема болка. И покрај протестирањата на снимките, од страна на учениците кои одговориле погрешно и учителот им задавал електрошок, голем дел од учесниците го продолжиле експериментот кога авторитетот така му наредил да продолжи. При тоа  зголемувајќи го напонот на електрични шокови при секој погрешен одговор психологот Стенли Милграм решил да провери до каде одат нашите граници кога ќе се одлучиме да слушаме друга личност, наспрема тоа да се водиме по нашите морални правила.

Спроведени се слични експерименти кои ги дале истите резултати луѓето се подготвени да одат против сопствениот морал и совест ако им е наредено од авторитетна личност.  Од тука и објаснување зошто и колку вие подлегнувате на наредбите од шефот?“Виолинист во метро“

 Дали понекогаш застанувате и се восхитувате на убавините околу вас. Според резултаите на експеримент спроведен 2007 година не е така. Светски познатиот  виолинист Џошуа Бел бил ставен во улога на уличен свирач на станица во метро во Вашингтон. Целта на експериментот бил да испита колку луѓе ќе застанат, да го слушаат неговото маестрално изведување. Иако свирел на рачно изработена во вредност на 3-5 милиони долари и неговиот концерт  во Бостон распродаден (со карта по 100 долари), само неколку луѓе застанале и уживале во неговата изведба. Тој ден Џошуа Бел на улица во Вашингтон заработил само 32 долари.Клавирски скали“ 

Познатиот производител на автомобили “Folksvagen“ покренал иницијатива за експеримент т.н. “Забавна теорија“ која требало да докаже дека човековото однесување може да се промени на подобро така што секојдневните активнсоти можа да се направат позабавни одколку што  вообичаено се. Во спроведениот експеримент, на скалила во подземната железница во Стокхолм Шведска се поставени скали кои изгледаат како дирки на клавир. Целта била да испитаат дали луѓето повеќе ќе ја користат здравата опција – клавирски скали (статични), наместо оние кои се движат. Тој ден, процентот на луѓе кои ги користел овие (претходно обични статични скали) за 66% во однос на вообичаениот број. Со тоа претпоставката дека забавата значаен медијатор во менување на секојдневните навики кои можат да имаат далекусежно влијание на вашиот живот. Забавата еден од најдобрите  начини да се натераат луѓето да го променат начинот на живот.

 

Ефектот на набљудувач

 

Повеќето луѓе сметаат дека во случај на потенцијална опасност, би сакале да се најдат на место на кое има други луѓе, бидејќи ќе имаат поголема шанса за да им се укаже помош.

Всушност и покрај ова верување, да се биде опкружан со луѓе не гарантира ништо.

Психолошкиот феномен познат како „ефект на набљудувач“ настанал како последица на обсервацијата дека луѓето полесно ќе му помогнат на некој во неволја доколку има малку или нема сведоци. Колку повеќе луѓе е присутно, доаѓа до т.н. „дифузија на одговорност“- луѓето мислат сметаат дека некој друг, со тоа што има многу, ќе притекнат да помогнат и заради тоа тие сами не превземаат ништо.  Ефектот на набљудувач неодамна е тестиран на една прометна улица во Лондон и се заклучило дека социјалниот статус има огромна улога при одлуката дали на некој ќе му се помогне или не, но во овој случај поголем дел продолжува да си оди по својот пат без да застане.

 

ПРОДОЛЖУВА…

More from СоветиMore posts in Совети »