Press "Enter" to skip to content

“БОДИ М“ место каде што се негува далекупрочуената битолска убавина (фотогалерија)

Од една мисла за убавина, започната на 9 февруари, сега веќе далечната 2005 година, се роди “БОДИ М“. Тогаш како ваше катче за убавина, а денес, 15 години потоа е вистинска бјути оаза, во срцето на градот Битола. 15 години е создавано ова име за убавина, кое денес значи бренд.Сместено денес во простор кој е направен по највисоките светски стандарди на спа центри, со опрема која е последен збор на козметологијата, со врвни експерти кои со години посветено работат во овој козметички центар, на кој пак доверба за лиценца му дале водечките светски брендови кои дозволуваат да се користи нивното име како лиценциран центар на избран круг врвни професионалци во кои се вложени години и години на едукација и практична работа.Оваа адреса стои на листите на престижните компании од козметичката индустрија, кои го наградувале низ годините за најуспешна приказна на Балканот, во овој бизнис. Добитник е на такви професионални признанија од Шпанија и Холандија.“БОДИ М“ е приказната поврзана со убавите и негувани битолчанки, но на рафиниран, природен и ненаметлив начин. Последните години, довербата ја стекнаа и кај посилниот пол кој сé повеќе посветува внимание на својата нега и здравје.Момент, кој особено радува, зошто “БОДИ М“ е тука да го разубави секој Ваш чекор.Вистината е една! Традицијата која е поврзана со тајната на онаа далекупрочуена убавина на битолчанки и битолчани, но на новото време се разбира, денес се создава и негува во “БОДИ М“.