Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 4 нови случаи на ковид-19 од вкупно 196

Според информациите на Министерството за здравство објавени на нивната “фејс бук“ страница во врска со ковид-19, во последните 24 часа се направени 1213 тестирања, а регистрирани се 196 нови случаи на ковид-19, од кои во Битола се регистрирани 4 ново заболени.

По градови во последните 24 часа се регистрирани во Скопје 90, Куманово 17,  Штип 5, Прилеп 1, Тетово 45, Струга 8, Велес 1, Битола 4, Охрид 11, Гостивар 8, Крива Паланка 1, Пехчево 2,  Свети Николе 1 и Ресен 2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти и тоа во Скопје 3, Куманово 1, Штип 2, Прилеп 4 и Велес 1.

Во болницата во Битола почина пациент од Ресен на 68 години, хоспитализиран во текот на вчерашниот ден. 

Досега во земјата се направени вкупно 42.262 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.895, бројката на оздравени пациенти е 1.705, на починати е 179, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.011.

More from ВестиMore posts in Вести »