Press "Enter" to skip to content

Денес 778 тестови, 162 нови случаи на ковид-19, во Битола нема новозаболен

Според информациите на Министерството за здравство објавени на нивната официјална “фејс-бук“ страница во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на ковид-19. Во Битола денес не е регистриран нов случај на заболен од коронавирус.

По градови бројот на  нови случаи е: Скопје 92, Куманово 3, Дебар 5, Штип 1, Прилеп 2, Тетово 32, Струга 3, Охрид 4, Гостивар 2, Гевгелија 1, Струмица 1, Крива Паланка 1, Свети Николе 1 и Ресен 14.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти, нема во Битола, во Скопје се  2, Прилеп 2 и Тетово 1.

Досега во земјата се направени вкупно 43.040 тестирања на ковид -19.  Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.057, бројката на оздравени пациенти е 1.710, на починати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.159.

More from ВестиMore posts in Вести »