Press "Enter" to skip to content

Аптеката “Роса Вита“ продолжува со работа 24/7 секој ден

Поради потребите на пациентите кои имаат потреба од лекови за итни случаеви аптеката “Роса Вита“ од Битола, одлучи и во наредниот период да работи 24 часа на ден, иако вонредната состојба е укината.

-Ве известуваме дека поради потребата на нашите сограѓани да има аптека која што ќе работи 24/7, ние одлучивме и по завршувањето на вонредната состојба да продолжиме со истото работно време, односно 24/7. Како и секогаш така и сега ќе продолжиме да бидеме најблиску до сите Вас, на веќе добро познатата локација. Искрено се надеваме дека сме успеале да му помогнеме барем на еден пациент во овoj тежок период, вели дипл. фармацевт Сузана Димовска од аптека “Роса Вита“, кои упатуваат апел до сите граѓани на Битола:

-Останете во добро здравје и почитувајте ги препораките на Министерството за Здравство за заштита од COVID-19, опасноста не е помината.

Сите оние кои имаат потреба од било каков лек, или информации за лекарствата можат да се обратат на телефоните 047/236-468 и 070/373-272, кај дипл. Фармацевт, Сузана Димовска.

Аптеката “Роса Вита“ се наоѓа на влезот во Старата битолска чаршија, наспроти “Брза помош“, во Домот на народно здравје – Уредот.