Press "Enter" to skip to content

Растојание меѓу луѓето, интимна, персонална, социјална, јавна зона (Проект “Комуникација“ за подигање на свеста на населението “ЕУ Институт Скопје“ и “Bitolanews“)

Постојат многу различни причини зошто луѓето избираат да воспостават растојание во различни ситуации и групи на луѓе. Растојанието е природна работа која повеќето од нас ја прават и без да размислуваат за тоа. Може да вклучува сè, од тоа да избереме да седиме на другата страна на библиотеката или пак ресторанот, поради група на луѓе што се во просторијата а ние не ги познаваме.

Една од најистакнатите причини за користење зони во далечина е безбедноста. Одржувањето на растојание може да ни помогне и да не спречи да бидеме изненадени од непријатни, заканувачки моменти и ни овозможува да предвидиме опасност. Ова е причината зошто генерално се држиме подалеку од луѓето кои не ги познаваме или ни делуваат на прв поглед сомнително.

Од друга страна, зоните на оддалеченост исто така може да се користат за да се покаже закана, па дури и да се извести друго лице дека е во опасност. Преку одредена оддалеченост, се пренесуваат и намерите со кое може да му се наштети на друго лице. Кога разговараме со луѓе, многу е важно растојанието помеѓу кое се наоѓаме со соговорникот. Без оглед на тоа дали се работи за растојание помеѓу машки и женски пол, оддалеченоста во одредени ситуации за кои ќе разговараме денеска игра важна улога.Генарално постојат 4 вида на зони, растојание, оддалеченост при комуникација:
– ИНТИМНА ЗОНА
– ПЕРСОНАЛНА ЗОНА
– СОЦИЈАЛНА ЗОНА 
– ЈАВНА ЗОНА

Секое од овие растојанија има различни значења и се манифестира на различен начин. Да ги разгледаме сите одделно.1. ИНТИМНА ЗОНА е оддалеченост која претставува 46 см растојание од едниот до другиот соговорник. Во оваа зона би требало да дозволиме да ни пријде семејството, мајка, татко, брат, сестра или сопруг/сопруга кои сакаат да изразат средчност и топла прегратка. Честопати ние луѓето несвесно грешиме, дозволувајќи во таа наша интимна зона да навлезе некој кој што е познаник, подалечен соработник или пријател. Со самотто тоа што тој/таа веќе навлегол во нашата интимна зона, дозволуваме друг вид на блискот и емоција која може потенцијално да се развие и понатаму да биде штетна по нашата работа, дружба и севкупно во нашата понатамошна комуникација. Тука многу голема важнст ќе дадам на машко -женските односи бидејќи дозволување на навлегување во нашата интимна зона на соговорник кој не ни е близок може да не чини многу понатаму во работата и животот.2. ПЕРСОНАЛНА ЗОНА е зоната која претставува радиус од 1,2 м до 1,5 м растојание помеѓу соговорниците. Оваа зона би требало да е резервирана за сите наши познаници, пријатели од поширок круг со кој што сакаме да се ракуваме и комуницираме. Потенцирам, без никаков вид на изразување преголема блискост, повторно поради оставање на соодветен впечаток во однос на оддалеченоста/близината.3. СОЦИЈАЛНА ЗОНА е онаа зона која е во радиус од 3,5 м далечина. Воглавно, ова е зона за обраќање. Ова растојание е резервирано за странци и нови познаници. Овие се обично луѓето што ги поминувате во салата на училиште или гледате како шетаат на улица. Ако се претстави ситуација во која се бара да разговарате со овие луѓе, повеќе од веројатно ќе ги задржите на растојание. Кога се работи за училиште, ова се однесува на растојанието кое што го споделуваме со професор што предава на час.

Комуникацијата е очигледен, но важен аспект на растојанието исто така. Кога се во прашање машко-женски односи, зоните на далечина што ги избираме со луѓето околу нас можат да комуницираат многу различни работи. На пример, да речеме дека маж за прв пат запознава жена, а зоната на оддалеченост што ја користат на почетокот на ноќта е социјална. Меѓутоа, до крајот на ноќта, ако жената почне да користи повеќе од лична зона, таа веројатно комуницира интерес за мажот.4. ЈАВНА ЗОНА на комуникација е зоната на оддалеченост која е над 3,6 м далечина. Оваа зона е резервирана за говорници од било кој карактер. Пример, ова е растојанието кое го споделуваме со говорници. Кога некое лице држи говор, имплицираната зона на растојание е многу поголема од која било од другите затоа што вниманието е наменето да биде насочено кон нив.

ПРОДОЛЖУВА…

За сите консултации, on-line предавања на оваа, но и други теми можете да не контактирате на info@euinstitue.eu.

Регистрирано Национална Универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“, Скопје. ISBN 978-608-4880-00-4, КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ, COBISS.MK-ID 111602442
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.

More from СоветиMore posts in Совети »