Правилна хидратација на кожата е клучот за нејзиниот сјаен изглед. Како да го вратите полниот сјај на дехидрираната кожа, е прашање кое го поставуваат негованите жени од Битола, а “Боди М“- Битола го дава одговорот.
Кожата е сложен дел од телото на кое му е потребна вода за правилно да функционира. Кога нејзиниот природен заштитен слој е оштетен, таа ја губи влажноста и станува склона на дехидрација. Покрај тоа што изгледа рапаво, дехидрираната кожа не може да се избори со надворешните иритации и закани, па затоа е важно таа секогаш да ја добива соодветната нега.
За почеток, важно е да ја направите разликата помеѓу сува и дехидрирана кожа. Како резултат на дехидрирањето, кожата ја губи издржливоста и станува чувствителна и раздразлива, но за разлика од сувата, таа може да се појави кај сите типови кожа – дури и кај масната и мешана кожа. Кога еднаш кожата ќе ја изгуби влажноста, потребно и е повеќе внимание за да се врати во нормала.
Потрудете се да ги елиминирате можните причини кои предизвикуваат дехидрирање на вашата кожа. Тоа можат да бидат повеќе фактори: исхрана, штетни влијанија, консумирање премногу алкохол или кофеин, недоволна или преголема изложеност на сонце, стрес и слично. На тој начин ќе ја намалите дехидрацијата, но за да ја вратите кожата во совршената состојба, потребно е да ја најдете формулата која ќе и ја даде влажноста која и недостасува.
Одредени препарати без хидрантни состојки не се во состојба да ја вратат влажноста бидејќи нивната формула испарува брзо, со што кожата станува уште посува од порано и на крајот станува чувствителна. Уникатното решение на D-r Christine Sharemmeck со една нова колекција во “БОДИ М“ во Битола, делува директно на природниот хидратантен систем на кожата, со што помага водата да се дистрибуира рамномернo, со што ја задржува влажноста и ја прави кожата мазна, еластична и светла. Тајната е во комбинирањето со природниот глуко-глицерол, кој претставува активна состојка која го поттикнува навлажнувањето на кожата со тоа што го помага пренесувањето на вода помеѓу клетките на кожата и ја поддржува хидратационата рамнотежа на кожата однатре.
Закажете го Вашиот третман уште денес, “БОДИ М“ – Битола.






