Press "Enter" to skip to content

Соработка помеѓу “Јавен Адвертајзинг“ и синдикатот на РЕК “Битола“

Соработката меѓу “Јавен Адвертајзинг“, образовна институција од Битола и синдикатот на РЕК “Битола“ се однесува за користење на услуги за обуки од областа на информатичките технологии за вработените во РЕК “Битола“ ќе им овозможи на сите вработени и нивните блиски да се усовршат во некоја од областите во ИТ секторот, и тоа преку ИТ обуки кои вклучуваат изучување на програмски јазици, дигитален маркетинг, графички дизајн, проектен менаџмент, канцелариско работење итн.-Чест ни е и задоволство што склучивме еден ваков договор кој ќе им помогне на сите оние кои што имаат желба да ги усовршат нивните дигитални вештини и да се приклучат кон дигитализацијата, велат од “Јавен Адвертајзинг“.И секако не само вработените од РЕК Битола, туку и сите оние кои што имаат желба за преквалификација, надоградба или изучување на нови дигитални вештини можат да се обратат во “Јавен Адвертајзинг“ и да напредуваат со своето знаење и работната позиција. Едукацијата треба да е на прво место за сите возрасти.Инаку, “Јавен Адвертајзинг“ е верифицирана институција за образование од страна на Министерство за образование и наука и центар за едукација на возрасни. Сите обуки кои што ги нуди Јавен Адвертајзинг можат да се најдат на нивната веб страна www.javen-advertising.com