Во последните 24 часа според информации на Министерството за здравство, објавени на нивната официјална “фејс бук“ страница се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19.
Во Битола е регистриран еден новозаболен од ковид-19, а денес нема излекуван пацинет. Инаку, по градови Скопје има најмногу новозаболени, вкупно 30, а следуваат -Куманово 8, Дебар 1, Штип 13, Прилеп 5, Тетово 3, Струга 11, Велес 1, Битола 1, Охрид 2, Кавадарци 1, Гостивар 1, Пробиштип 1, Кратово 1, Свети Николе 1 и Кичево 8.
Починати се три лица, а споредд Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица.
Досега во земјата се направени вкупно 78.133 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.197, бројката на оздравени пациенти е 4.326, на починати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.
486.






