Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: психички не можеме да опстанеме во опкружување кога не не разбираат

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.

-“Човекот не може да опстане во опкружување во кое нема емпатија“ напишал психоаналитичарот Kohut.

-Понекогаш е доволно само да знаеме дека не разбираат, како се чувствуваме кога ни е тешко.

Емпатијата е карактеристика на виосока емоционална интелегенција значајна за секого. Таа значи перцерпирање, препоизнавање и соживување со чувствата на другите луѓе и како да го насочуваме  нашето однесување за да имаме подобра комуникација. Искуства и примери од секојдневниот живот при одрастувањето на нашите деца  покажале дека емпатијата е вродена. Колку пати   ни се случило  прашање од детето кое интуитивно не чувствува барајќи го нашиот поглед  кога  сме тажни, вознемиреени или не боли нешто. Така и тоа обично се растажува или вознемирува. Ги препознава нашите чувства и емоции на интуитивен начин. Овие примери и уште многу други водат кон тоа дека емпатијата или соживување со чувствата на другите е карактеристична за човекот и е вродена. Таа и не заштитува во текот на одрастувањето.

Во многу ситуации кога сме тажни, загрижени, исплашени… најважно е само некој да ни каже дека не разбира, со поглед, гестови, да не разбере како се чувствуваме. Не мора  ништо да не советува понатаму…  Толку е тоа едноставно.Ако немаме личности кои не разбираат настанува пекол во кој се повеќе  не се препознаваме себеси. Тоа се случува  кога добиваме порака дека не би требало “така да се чувствуваме“, “дека претеруваме“, “дека сме слепи при очи“, дека тоа што го мислиме и чувствуваме е “лудо“, “неприлагодено“, “недоволно“, “ненормално“, “дека само нас ни се чини“…

Во многу ситуации во кои преовладуваат овие чувства  кога сме разочарани, бесни, тажни, исплашени, загрижени…

Ако не не разбираат другите тогаш може и ние да не се разбираме себеси. На тој начин може да  настане анксиозност, напади на паника, ни се намалува самодовербата, се сомневаме во себеси, оттука да се јават низа психосоматски болести, хипохондрии, драми…

Важно е да не престанеме да бараме личности во кое опкружување  ќе се чувствуваме дека  не разбираат. Дружете се со такви личности, луѓе во чии поглед наоѓаме разбирање и погледот  ни зборува дека не разбираат. Тоа може да ви бидат драгоцени личности и пријатели. Тоа може да бидат  личности пријатели на ФБ со кои си разменувате позитивни коментари, стикери кои имаат и даваат поддршка во многу ситуации и дека не сте сами.Тоа разбирање може  да го пронајдете во книги и писатели кои опишуваат личности кои поминале исти емотивни ситуации како и вашите. Тоагш нема да се почуствувате дека сте сами. Во музика, сликарство, во биографии на научници, во блогови, меѓу “јутјубери“, со животни приказни слични на вашите.

Никогаш не престанувајте да се борите да наоѓате некој кој е сличен на  вас и ги гледа, набљудува, анализира работите како и вие. Посвете им време на такви личности.

Избегнувајте личности кои не се емпатични и не можат да ве разберат и соживеат со  вашите чувства и  ситуација во која се наоѓате. Намалете го  го времето или избегнувајте ги  со луѓето од кои не можете да добиете разбирање.

Барајте го таму каде што можете  да го добиете. На тој начин ќе ги проживувате и анализирате  сите чувства, негативни и позитивни, низ разговори со нив, а  со добиената поддршка ќе се чувствуваме посилни да излеземе од некои тешки ситуации.

More from СоветиMore posts in Совети »