Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана од напад со палка или друг предмет од горе

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-ценатот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, со палка или друг предмет, кога нападот доаѓа од горе.

Кога нападот доаѓа од горе, а е со палка или било каков друг предмет одбранаѕа е следна. Прво со десната нога исчекоруваме дијагонално напред, додека со левата рака за момент ја блокираме раката која удира некаде во горниот дел од пидлактицата. Потоа ротираме околу исчекорената нога, на назад во лево. Во еден момент напаѓачот е “натоварен“ врз нашиот грб, а  потоа веднаш со полукружно движење на рацете, при што колената ги исправаме, напаѓачот го префрлуваме преку десното рамо, а потоа го неутрализираме.

На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо.

More from СоветиMore posts in Совети »