Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 94 нови случаи на ковид-19 во, а во Битола, според информациите на Министерството за здравство објавени на нивната “фејс бук“ страна, нема нови случаи на заболени од ковид-19.
По градови, Скопје 49, Куманово 2, Штип 8, Прилеп 1, Тетово 6, Струга 2, Гостивар 13, Кочани 2, Свети Николе 9 и Кичево 2.
Починати се 8 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени лица.
Досега во земјата се направени вкупно 81604 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.623, бројката на оздравени пациенти е 4.603, на починати е 401, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.619.