Press "Enter" to skip to content

Денес Битола со еден новозаболен од ковид-19, тестирани 724, нови случаи 96

Според информациите на Министерството за здравство објавени на нивната официјална “фејс бук“ страница, во Битола е регистриран еден нов случај на новозаболен од ковид-19.

Во последните 24 часа се направени 724 тестирања, а регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19 во Скопје 24, Куманово 6, Штип 24, Прилеп 1, Тетово 7, Струга 9, Битола 1, Охрид 6, Гостивар 4, Струмица 3, Крива Паланка 1, Радовиш 5, Кочани 2 и Свети Николе 3.

Починати се 10 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент.

Досега во земјата се направени вкупно 86.543 тестирања на ковид -19.  Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.249, бројката на оздравени пациенти е 4.871, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.946.

More from ВестиMore posts in Вести »