Press "Enter" to skip to content

5 нови случаи на ковид-19 денес во Битола, 1.636 тестирања-новозаболени 163

Во Битола во последните 24 часа се регистрирани пет новозаболени од ковид-19 според официјалните информации на Министерството за здравство објавени на нивната “фејс бук“ страница.

Во последните 24 часа се направени 1.636 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19, а по градови  во Скопје 52, Куманово 21, Дебар 2, Штип 33, Тетово 4, Струга 7, Велес 2, Битола 5, Охрид 1, Кавадарци 4, Гостивар 17, Струмица 2, Кочани 2, Пробиштип 2, Демир Хисар 3, Македонски Брод 1, Свети Николе 3, Кичево 1 и Ресен 1.

Нема починати пациенти, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравен пациент.

Досега во земјата се направени вкупно 88.179 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.412, бројката на оздравени пациенти е 4.940, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.040.
More from ВестиMore posts in Вести »