Една од основните форми на комуникација во денешното современо живеење и функционирање е писмената комуникација или популарно наречена e-mail комуникација. Спаѓа во делот на индиректна комуникација во која што се користи некаков медиум, во случајов mail и е една од најзастапените форми на комуникација.
Зошто?
Многу е едноставно. Ова е еден од најефективните модели на комуникација кој е ефикасен за комуникација на работно место. Доколку се користи ваквата e-mail комуникација соодветно, може да е многу брза, ефикасна. Секако, со ваквиот начин на комуникација во секое време си обезбедуваме пишан траг за она за кое разговараме или се договараме во меилот.Веројатно многумина ќе се запрашаат, кога се користи ваков вид на писмена комуникација?
Во денешното современо живеење, работа и севкупно функционирање ваквиот вид на писмена комуникација се користи најмногу во коорпоративниот свет. Кога не се потребни дискусии или евентуално некакви појаснувања. Ако хипотетички кажано работиме во компанија во која десеттици или повеќе лица е потребно да добијат некаква информација во исто време во која, потенцирам, а не се потребни никаков вид на дополнителни информации ( ова за да се разбере пораката ), тогаш слободно можеме да кажеме дека e-mail комуникацијата ќе биде ефективна.Ако сме ученици или студенти а наставниот кадар сака да не информира за нешто, во тој случај овој модел на комуникација е препорачлив.
Ако пак преку писмена комуникација e-mail, повторно се обраќаме на одредена група на луѓе ( или можеби индивидуално на некој со кого треба во иднина да соработуваме ) и освен писмото кое го испраќаме има потреба од дополнителна дискусија, во тој случај велиме дека ваквиот начин на обраќање не е доволно ефикасен.Што значи ова?
Ова подразбира дека доколку имаме потреба од групни дискусии, мислења и слично подобро е да закажеме состанок каде со помош на вербална комуникација ќе контактираме со целната група на лица на која и се обраќаме.
Во овој случај, пожелно е e-mail комуникацијата да ја искористиме само за да им соопштиме на оние кои сакаме да ги информираме во колку часот и каде треба да дојдат на некаков средношколски, студентски или коорпоративен состанок или слично.
За сите консултации, on-line предавања на оваа, но и други теми можете да не контактирате на info@euinstitue.eu
ПРОДОЛЖУВА…
Регистрирано Национална Универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“, Скопје. ISBN 978-608-4880-00-4, КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ, COBISS.MK-ID 111602442
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.