Press "Enter" to skip to content

Денес шест битолчани новозаболени од ковид-19

Според официјалните информации на Министерството за здравство објавени на нивната “фејс бук“ страница денес во Битола има шест новозаболени лица.

Во последните 24 часа се направени 1535 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19 во Скопје 45, Куманово 7, Дебар 1, Штип 25, Прилеп 4, Тетово 9, Струга 5, Битола 6, Охрид 3, Кавадарци 1, Гостивар 9, Кочани 3, Демир Хисар 1, Делчево 1, Свети Николе 3 и Кичево 6.

Починати се 6 лица, а д енеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 92.550 тестирања на ковид -19.  Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.797, бројката на оздравени пациенти е 5.254, на починати е 451, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.092.
More from ВестиMore posts in Вести »