Во Магазата Битола во рамки на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“, беше отворена изложба „1000 години Бигорски манастир“, придонес на НУ Центар за култура и јубилејните 50 години на фестивалот „Илинденски денови“ кон јубилејот на Бигорскиот манастир основан во 1020 година.
На изложбата во која се преставени 17 икони-копии, две фрески и една плаштеница од Бигорски манастир.
-Бигорскиот манастир многу пати бил рушен и пален, а е возобновен во 1995 година со доаѓањето на отец Партениј од Света Гора. Како што е познато отец Партениј е по потекло од Битола, а таму во манастирот живеат и други наши битолчани со чиј благослов ја отворам оваа изложба, рече Маја Андоновска Илијевски, директор на НУ Центарот за култура.
Изложбата „1000 години Бигорски манастир“ ја подготвија и организираат членови на Ансамбл „Македонија“ од Скопје, во рамки на проект поддржан од Министерство за култура и Бигорски манастир.
-Ансамбл „Македонија“ овој проект го реализира со презентација на икони од Бигорски манастир и паралелна концертна изведба на мијачките обреди, световни ора и песни кои биле и ден денес се присутни во Бигорскиот манастир, и тој крај каде се наоѓа манастирот, истакна Јаневски.

Изложба „1000 години Бигорски манастир“ во рамки на “Илинденски денови“
More from КултураMore posts in Култура »
- Изложба “Жив ѕид“ на Никола Крнчев и Раде Најдовски за јубилејот 25 години фрескоживопис (фотогалерија)
- „Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола
- Свеченото претставување на поетскиот и духовен еп „Крстот на Охрид и Светлината на Вечноста“ од проф. д-р Зоран Пејковски од Битола во Охрид
- По Загреб и Битола утре триото “Интерарт“ со концерт во Рим
- Бравурозна камерна вечер на трио “Интерарт“ од Битола во дијалог со светската и македонската музичка мисла (видео+фотогалерија)





