Синоќа во Пациото на Завод и музеј во Битола се одржа втората фестивалска вечер, која според протоколите ја проследија ограничен број на публика, а оние кои беа таму уживаа во инструменталните изведби на народните песни, во носиите, во обичаите…Пред публиката во Битола се претставија неколку културно-уметнички друштва и ансамбли на вечерта на традиционална музика и песна, кои дојдоа од разни градови и ја негуваат македонската народна традиција, песна и оро.
Први вечерта ја отворија оркестарот на народни инструменти “Рудина“ од Битола, КУД “Дримкол“ од Вевчани, АФ “Гоце Делчев“ од Битола, КУД “Бисер“ од Кичево, ФА “Китка“ од Истибања.
За крај на вечерта публиката уживаше во изведбата на КУД „Илинден“, во градското оро и во избедбата на кларинетистот Чапче.
На втората фестивалска вечер на фестивалот “Илинденските денови“ се одржа и проекција на етнолошки филмови пред Магазата.

Се одржа втората фестивалска вечер на фестивалот “Илинденските денови“ (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- “Verbumlandiart Aps“ од Лече, Италија и Универзитетската библиотека од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)
- Три златни медали за мешаниот хор при КУД “Стив Наумов“ од Битола на меѓународниот хорски натпревар во Бјелина
- Народен театар Битола започна со подготовки за 5. премиера оваа година, “Едмонд“ во режија на Оливер Мицковски
- ИФФК „Браќа Манаки“ со повик за учество во проектот „Кадар-на“ (Her frame)- меѓународна програма за поголема присутност на жените во филмската индустрија
- Промовиран романот “Ноќта…“, кој ја доживеа светлоста на денот, од Игор Тајкоски – Фоја (фотогалерија)